209584.b.jpg

29 јули 2015 лето Господово

Неодамна „Местото на Крштението на Исус Христос“, на брегот на реката Јордан во Јорданија,209584.b.jpg каде што се наоѓа поклоничкиот комплекс на Руската Духовна Мисија „Страноприимни дом“, беше ставено под заштита на УНЕСКО. Комитетот за Светското наследство во текот на својата 39 седница, којашто од 28 јуни до 8 јули 2015 год., се одржа во Бон (Германија), ги разгледа сите 36 пријави на објекти за влез во списокот на Светско наследство на УНЕСКО. Меѓу оние кои се најдоа во листата на објекти беше и Витавара – местото на Крштението на Исус Христос во Јорданија.

Витавара, која се наоѓа на источниот брег на реката Јордан, на девет километри северно од Мртвото море, се состои од две главни археолошки зони: зоната Тел ел – Харар, позната како место од каде што на небото беше вознесен пророкот Илија, и зоната каде што се наоѓа храмот на Св. Јован Крстител, во близина на Јордан. Според христијанската традиција, во Витавара Господ Исус Христос го примил Крштението од раката на Св. Јован Претеча. Витавара, која е опкружена со дива природа, носи траги од римската и византиската цивилизација: цркви, параклиси, манастири, пештери кои служеле како живеалиште на отшелниците, како и крштелни купели. Сето ова сведочи за големото црковно-историско значење на објектот. Витавара е позната како место за христијанско поклонение.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир