Избор од кратки житија на светители ос Северна Америка


sv.Tikhon.jpg

Василиј Иванович Белавин е роден на 19 Јануари 1865, син на свештеник, близу Псков, Русија. Тој беше предодреден кон свештенството од рани години и се истакнуваше во училиштето и на студиите во познатата Св. Петерзбуршка Теолошка Академија. По дипломирањето, тој веднаш почна да предава на богословијата.
Беше замонашен во 1891, земајќи го името Тикхон и набрзо потоа беше ракоположен за свештеник, а во исто време тој продолжи со предавањата.

Во 1897, Отецот Тикхон беше ракоположен за Епископ на Лиублин, Полска; но за неколку месеци беше преназначен за Епископ на Алеутианите и Аљаска (кои ги вклучуваа цела Америка и канада). Тој присигна во Њујорк  на 12ти Декември 1898. Тој беше единствениот Православен епископ на континентот; и неговото стадо беше составено од американски староседелци (Ескими, Алеути, и Индијанци), Руси, Украинци, Белоруси, Грци, Антиочани, Бугари, Срби, Македонци, Албанци, Галицијани, Карпатски Руси, Романци и други, во време кога имиграцијата беше во најголемиот подем. Епископот Тикхон работеше за да го задржи единството на сите овие Православни верници, а во исто време, дозволувајќи етнички и културни  разлики. Тој користеше многу јазици, и држеше служби на ангиски јазик во неговата катедрала во раните 1904. Во 1906, тој го објави преводот на Литургијата и другите црковни служби на англиски јазик. Епископот Тикхон патуваше низ цела Северна Америка за време на неговите 9 години како епископ. Тој основа многу парохии; ги отвори првите Православни гробишта во Америка, во Минеаполис, и го формираше првиот манастир, во Северен Канан (ветена земја)- Пенсилванија. Тој ги посвети сите  напори  да ја претвори Црквата во Америка во локална, самоодрзувача, Автономна Православна Црква, не само продолжение на Руската Црква. Епископот Тикхон побара и доби помош од помошник-епископот на Аљаска. За да му помогне во грижата околу емигрантите од арапското говорно подрачје, во 1904, отецот Тикхон исто така го ракоположи Антиохианецот  Рафаел Хауауени за Епископ на Бруклин.

Во 1907-та, Архиепископот Тикхон беше назначен во важна епархија назад во Русија. Во 1914, тој повтроно беше префрлен во епархијата на Вилнус, Полска. Само што заврши Првата Светска војна, Архиепископот Тикхон патуваше до фронтот и лично се грижеше за болните и ранети војници. Во 1917, тој беше избран за Митрополит на Москва.  Истата година, патријаршијата беше возобновена  и Тикхон беше избран за прв Патријарх на Москва и цела Русија по 217 години.

Истата година, болшевичките комунисти почнаа да ја тероризираат Русија, убивајќи го Царот и неговото семејство,  и започнува суровото прогонство
против Црквата. Патријархот Тикхон остана цврсто во осудувањето на Болшевистичките политички злоупотреби И насилство, сепак тој исто така
апелираше до Рускиот народ да се покори на сите легитимни одлуки на Советската влада - се што не ја нарушуваше Верата. Атеистите ги конфискувале црквите и ги топеле чашите за Света Причест, кадилниците и останатите црквени твари. Низ сето ова, Патријархот го водеше своето прогнато стадо. Во 1922,  комунистите  го ставиле во домашен притвор. Беше хоспитализиран во 1925, патејќи од многу слабо здравје. Таму тој примаше смртоносни дози на морфиум да “ му ја ублазат болката” од неговите срцеви удари. Патијархот Тикхон почина на  25ти Март, 1925, на 60 години. Руската Православна Црква го прогласи за светец во 1989, именувајќи го за “Просветител на Северна Америка и Исповедник на Москва.”

Терминот “просветител” се однесува на негова улога во евангелизирање на американскиот народ. Во неговата последна проповед во Америка, Св.
Тикхон рекол: “Светлината на Православието не е просветлување на мал круг на луѓе .... наша обврска е да ги споделуваме нашите духовни блага, нашата вистина, нашата светлина, нашата радост со оние кои ги немаат овие дарови.
Обврската лежи не само во свештениците и мисионерите, туку лежи и во мирјаните, зошто Црквата Христова, во мудрата споредба на Св. Павле, е тело, и во животот на телото, секој член има удел.”

Подгорви: К.Т.Н/Л.П.

Извор: Antiochian Orthodox Christian Archdiocese of North America