Во храмот Успение на Пресвета Богородица с. Ботун  отслужено мало повечерие со Акатист

12ти април 2019 лето Господово

 

Да, Господи, Ти Кој нè собра по Твоето  благоволение од краиштата на земјата, направи да бидеме навистина едно семејство што живее со едно срце, со една волја, со една љубов, како еден човек, по предвечната Твоја промисла за првородениот Адам.  
Вечерва ги исполнавме овие зборови на светито старец Софрониј.

Во срцето на Дебрца во с. Ботун  на една висорамнина  како духовно кале се издига храмот на Богородичното Успение, а во него, со блага насмевка и денес Богородица нè пречека во нејзиниот дом, а верниот народ, збунет од благоста нејзина и благодатта која Бог ја изли врз нас, можеше само да пее:
Радувај се, помош и заштито на Твоето наследство.
Радувај се, Застапничке пред Бога за сиот свет христијански;

На крај од оваа трожествена песна на Благодатната о. Александар Димоски со неговото красноречие, изрече прекрасно слово.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Подготви: Дејан Блажевски

 

Друго:

АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Каква полза имаме од Акатистот на Пресвета Богородица? ...

Последниот акатистен поздрав кон Пречистата

Од Православен молитвеник (2)