Скопје,9-ти септември 2018 - храм Рождество на Пресвета Богородица

На 9-ти септември 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • преп. Пимен Велики и на св. мч. Фануриј

 

На 09.09.2018 година, во Петнаесеттата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква-  Охридска архиепископија  молитвено  го празнува споменот на преп. Пимен Велики и на св. мч. Фануриј,  во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковски во сослужение на протоереј Драган Јанковски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата протоереј Драган Јанковски произнесе празнична беседа.

„Ништо не се случува вон законите создадени од Творецот на се, од Бога. Животот на човекот создаден е по образ и подобие Божјо. На создаденото тело, Бог му даде душа, која во себе содржи закон, неменлив и непреоден - вечен. Во тој Божји закон се наоѓа една прва, основна и најголема заповед. Законикот, сакајќи да го искуша Исуса Христа, Го прашува која е најголема заповед во Законот? Христос во моментот, читајќи му ги мислите и намерата на законикот, му одговара: "Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум!"
Заповеда има многу, но најголема е полната, сеодака, бесхрајна љубое кон Бога, Творецот, Промислител, Спасител м Просветител на нашиот живот. Таа е прва, бмдејќм од неа произлегуваат сите други. Најголема е, бмдејќи е насочена кон Оној од Кого доаѓа и кон Кого ое враќа животот на човекот. Заповедта за љубов кон Бога е основна, затоа што самиот Бог е љубов. Таа љубов не може со ништо овоземно да се слореди. Послатка е и од најубава сладост што се раѓа на земјата. Понежна е и од најнежниот цвет што се одгледува во градините. Посилна е и од најголемата сила на земјата.“- протоереј Драган Јанковски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)