СКОПСКО ЛЕТО

Филмската вечер "Планетаризмот на Киро Урдин" е вечерва (21 ч.) во мултимедијалниот центар "Мала станица", на програмата на Скопско лето. Ќе се емитуваат филмовите "Планетариум", "Кучиња и возови", "Догони" и "Пишта".

 

Киро Урдин е роден 1945 година во Струмица каде го завршува основното и средното образование. Дипломирал на правниот факултет во Белград. Студирал на Академијата за применета уметност во Париз (1973/74 год.). Дипломирал на Академијата за филм - Париз (1997 год.) Живее и работи во Париз од 1974 година. Од 1984 година до денес професионално се занимава само со сликарство и има реализирано над 100 самостојни и групни изложби во познати галерии и музеи.