Ве известуваме дека Живи библиотеки: архиви на граѓанска непослушност во периодот од 18 до 21 декември 2014 г. ќе имаат свои активности во Штип и Струга. Во рамки на настаните, во Штип е предвидена отворена читачка и дискусиона сесија во два дела на тема:  Субверзија против општествени/патријархални норми во „Хамлет“ преку исчитување на драмата „Хамлет“ од Вилијам Шекспир, иницирана и модерирана од Кристина Костова, додека во Струга се предвидени: дискусиона сесија на тема „Општество на мртвите поети“, при што истовремено ќе се случува и јавен настан на донирање книги, а каде ќе се обрати Ноа Трајстер (Учителот Незнајко и неговите комитети, Белград), потем, дводневна читачка група на книгата „Национализмот во(н) контекст“ со авторите Здравко Савески и Мариглен Демири од Левичарското движење „Солидарност“.

 Во продолжение ви го приложуваме распоредот на настаните по денови:

 
ШТИП:


18.12.2014 (четврток)

Настан: Субверзија против општествени/патријархални норми во „Хамлет“ (Прв дел)

Време: 19:00 часот

Локација: хотел „Оаза“, Штип (мезанин сала)

Отворена читачка и дискусиона сесија, иницирана од Кристина Костова

Четиво: „Хамлет“ од Вилијам Шекспир

 

19.12.2014 (петок)

Настан: Субверзија против општествени/патријархални норми во „Хамлет“ (Втор дел)

Време: 15:00 часот

Локација: хотел „Оаза“, Штип (мезанин сала)

Отворена читачка и дискусиона сесија, иницирана од Кристина Костова

Четиво: „Хамлет“ од Вилијам Шекспир
 

СТРУГА:

 20.12.2014 (сабота)


Настан: Општество на мртвите поети


Време: 13:00 часот


Локација: Новите простории на иницијативата ИНКА, поранешен клуб „Рубљов“

Дискусиона сесија и јавен настан на донирање книги; Претставување на проектот Живи библиотеки и обраќање на Ноа Трајстер од „Учителот Незнајко и неговите комитети“ од Белград

 

Настан:Национализмот во(н) контекст

Време: 18:00 часот

Локација: Новите простории на иницијативата ИНКА, поранешен клуб „Рубљов“

Читачка група со авторите на студијата, Здравко Савески и Мариглен Демири, Левичарско движење „Солидарност“  

 

21.12.2014 (недела)

Настан: Национализмот во(н) контекст

Време: 13:00 часот

Локација: Новите простории на иницијативата ИНКА, поранешен клуб „Рубљов“

Читачка група со авторите на студијата, Здравко Савески и Мариглен Демири, Левичарско движење „Солидарност“  

 

Партнери на настаните:

 

Фондацијата за развој на локалната заедница (Штип) е партнерска организација која е вклучена во реализацијата на активностите од проектот ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност. Мисијата на организацијата е ефективно учество на граѓаните во креирање на јавни политики и нивна доследна имплементација.

ИНКА (Иницијатива за независен културен активизам) настана како резултатот на соработката на неколку уметници од Македонија со цел поефикасно и поквалитетно спроведување на заедничките идеи. Поточно, ИНКА претставува “арт-мерџер“ на групата „Wezdensky“ и неколку независни уметници од Македонија.

Здружението е формирано како асоцијација на културни работници за остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници. ИНКА врши дејности кои ја унапредуваат културата и уметноста, создава едукативни платформи и креативни методолошки алатки за имплементирање на активности кои поттикнуваат и ги јакнат општествените вредности.

 

 

ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност е долгорочен кураторски проект кој подразбира процес на собирање и дистрибуирање на литература која се однесува на граѓанска партиципативност, активност и реакција по пат на донации од индивидуалци, претставници на невладиниот сектор и организации и здруженија кои се согласни да делуваат во насока на градењето на отворено и современо демократско општество.

Живата библиотека претставува отворена збирка од колективно знаење формирано од страна на самите граѓани. Таа постојано се гради и надополнува, преиспитувајќи ја идејата за тоа што претставува „знаењето“ и како тоа се манифестира во услови на радикални промени во социо-политички контекст.

Проектот е поддржан од: Фондацијата отворено општество - Македонија (ФООМ)

http://zivibiblioteki.wordpress.com/


Срдечно,

Филип

Ивана

Бисера