Скопје, ноември 2019. година - храм на св.вмч. Димитриј

По повод храмовиот празник и чествувањето на денот посветен на Светиот великомаченик Димитриј, на ден 07. ноември, со почеток во 17,00 часот, ќе се богослужи празнична Вечерна богослужба и Акатист посветен на Светиот Великомаченик Димитриј со петолебие.
На 08. ноември, Ве покануваме на прославата на храмовиот празник, со учество на Божествената Литургија со почеток во 09,00 часот.

 Dime.sv.Karp.jpg

 Акатист на  Светиот великомаченик, мироточив (извадок)
Димитриј Солунски

    

Кондак 1
       Чудесен Војводо на градот Солун, голем угодник Христов и славен, подвижник, Свети Димитрије, тебе кој на светот му точиш миро на милост, ние те почитуваме и ти пишуваме пофалба, а ти имајќи слобода пред Господа, од секоја беда избави н#,  верно да ти воскликнуваме:

Радувај се, свети Димитрие, славен великомачениче и чудотворче!

Икос 1
   Творецот на Ангелите и Господ на Силите те прослави тебе, достоен за восхитување, како Ангел во тело, цврст и непобедлив во мачењето и силен заштитник на верните, затоа прибе- гнуваме кон Твоето застапништво принесувајќи Ти ги овие радосни песни:
        Радувај се, ѕвездо која блескаш над цврстата Црква!
        Радувај се, светилник, кој со чудеса го осветлуваш светот!
        Радувај се, непоколеблив столб на верата!
        Радувај се, нескршлив штит на православните!
        Радувај се, сјаен украс на Тесалија!
        Радувај се, преславна пофалбо на Солун!
        Радувај се, сограѓанин на Апостолите!
        Радувај се, заедно со мачениците си во небесните живеалишта!
        Радувај се ти, кој ги примаш молењата на оние кои те повикуваат!
        Радувај се, за сите нас на Бога се молиш!
Радувај се, свети Димитрије, славен великомачениче и чудотворче!

 

На 08. ноември, Ве покануваме на прославата на храмовиот празник, со учество на Божествената Литургија со почеток во 09,00 часот.

 

 Друго:

 

Преминпортал (к.т.)

 

3 ти ноември 2019 лето Господово