Одговори на Вашите прашања      

Одговара: отец Горан Тасески

Прашање:

Моето прашање се однесува на брак.
Имам девојка која сакам да ја побарам за сопруга. Девојката има прекрасен карактер, е многу сталожена, искрена но поради нејзиното потекло е будист. 
 Јас сум веќе крстен, но таа не е. Ме интересира дали е задолжително таа да биде претходно крстена пред да стапи во брак? Според она што го имам прочитано во - ”За бракот и за оние што не се во брак” од Првото Послание на Св. Апостол Павле до Коринтјаните, можам да разберам дека девојката нема потреба тоа да го направи бидејќи ”и жена што не поверувала се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле нечисти, а сега се свети.” (1.Кор,7.14).
  
Ве молам кажете ми дали има грешка во ова размилување. Исто така које правилниот начин да се постапи.
 
Однапред благодарен,
 
Александар

 
 Одговор:

Бог да ве просветли со чиста Љубов бидеќи само преку неа можеме да се соочуваме со предизвиците во нашиот живот и  да ги решаваме според Божјата волја / а таа е неизмерна љубов за спасение на сите/.
Црквата раководена од Светиот Дух на предизвиците во животот на христијаните секогаш одговарала со Љубов за спасение на оние кои поверуваа и  во Христа се крстија . А исто така со Љубов кон оние кои сеуштен е поверувале за да поверуваат и  да се спасат.
Во конкретниов случај Црквата не благословува извршување на св.Тајна Брак. Затоа што оние кои не се облечени во благодатта Божја која се дава како дар преку верата во Исуса Христа  при крштевањето а понатаму низ севкупниот светотаински живот, тие  неможат благодатта ниту да ја користат од причини што не ја препознаваат нуту ја вреднуваат . За да ја препознаат убавината  и големината и вредноста  на благодатта Божја потребно е да се посведочи со примерот на нашата вера во Христа Бога која исто така ќе ја преточиме во дела па кога ќе ги видат добрите дела оние кои не поверувале да го прослават Единиот Вистински Бог- Едносуштна Неразделна Троица - Отецот ,Синот И Светиот Дух.
Затоа ако вие ја љубите вашата избраница знајте дека Христос нашиот Бог повеќе ја љуби, оти вие ја сакате заради она што го приметувате кај неа со вашите чуства  а Бог ја љуби затоа што сака да и  биде добро и  овде во овој свет а и  да ја воведи во вечниот блажен живот во Царството Небесно.  Така ако вие ја љубите токашљубете ја уште повеќе со возвишената Љубов Бозја за нејзино И ваше спасение, па потрудете се И таа да ја осознае големината на Љубовта Божја , па најнапред на таа Возвишена Љубов Божја одговори со да, заради незиното спасение И живот вечен во Царството Небесно , а тоа ќе резултира со ваша заедничка радост И овде на земјата. Треба да знаете дека Вечното го одредува временото  И ако временото се напојува од Вечното тогаш се уредува кон Вечното,- Вечна Љубов ,Вечна Радост ,Вечен Мир, Вечно Блаженство...  .
Ви советувам да доаѓате почесто заедно на богослужбите да разговарате со некој искусен свештеник па потоа да се одлучите.
Господ со вас.