Храм Преподобна маченица Параскева ( Петка) во Чикаго

 
Во вторникот, 7-ми Август 2007 година,  во црквата посветена на преподобна маченица Параскева ( Петка) во Чикаго  беше одржано бдение во чест на патронатот на црквата. На бдението присуствуваше и Амбасадорот на РМ во Вашингтон - Неговата Екселенција Др. Зоран Јолески со семејството.


Со нашиот парохиски свештеник Прота Стојан Стојанов сослужуваше и свештеникот од црквата Свети Кирил и Методиј од Хинсдејл, Илиноис - Отец Рубинчо Ацески.


Важно е да се спомене и дека црковниот хор беше збогатен со диригентот и членови на Катедралната Црква (за Среден-запад) на Руската Задгранична Црква Покров на Пресвета Богородица од Дес Плејнс, Илиноис. Тие имаа многу убави впечатоци од нивната прва посета на Македонска Православна Црква.

Иницирана е плодоносна соработка меѓу нашите две цркви - за време на соединувањето на РПЦ и РЗПЦ, при отсуство на нивниот диригент, на Бденијата во Катедралната црква на РЗПЦ за празниците Отдание Пасхи, Вознесение Христово, Саботното Бдение и пренос на моштите на свети Никола, нивниот хор го водеше нашата диригентка С. Лазареска. По прекрасната двоиполчасовна служба беше приредена трпеза на љубовта каде што сите заедно го продолживме празнувањето на споменот на преподобна маченица Параскева.



извор:
Macedonian Orthodox Church "St. Paraskeva - Petka" from Chicago
Makedonska Pravoslavna Crkva "Sv. Paraskeva - Petka" od Cikago
http://www.mpc-svpetka.com