18:27 | 09.04.2012 Чудото со фреските кои се прочистија во скопскиот храм Свети Димитрија денеска го виде и премиерот Никола Груевски. Свештениците од црквата му објаснија што и како се случило на православниот празник Цветници.
Чудото со фреските кои се прочистија во скопскиот храм Свети Димитрија денеска го виде и премиерот Никола Груевски. Свештениците од црквата му објаснија што и како се случило на православниот празник Цветници.

 

По објавувањето на веста за чудната појава во црквата Свети Димитрија во Скопје во вчерашните вести на Канал 5, денеска голем број граѓани гледаа во чудото Божјо. Фреските и натаму сами се чистат, ореолите блескаат, а на уште повеќе фрескоживописи се појавува црвена боја, онаму каде што никогаш ја немало. И граѓаните кои редовно ја посетуваат црквата и знаат каква била до вчера, не можат да се изначудат на ваквата појава.

Ѕидовите иако на допир се суви изгледаат како да се свежо обоени. Истите икони и фрески што ги сними камерата на Канал 5 попладнето станаа почисти и поблескави.

Чудото први го забележаа свештениците и верниците кои на неделната литургија дојдоа да ги празнуваат Цветници - христовото влегување во Ерусалим. Наместо до 19 часот, до кога вообичаено е отворена, црковните врати цела ноќ беа отворени за сите кои го сакаа да го видат ова чудо.

- Возбуден сум, не можев да дочекам да се раздени за да дојдам откако слушнав за ова. Ова е божја сила, бог е со нас, бог не гледа, бог не држи, бог ни помага. Ова е чудо божјо - вели еден верник за Канал 5.

 

Извор: Курир