Lesnovo.donacija11.jpgПочитувани верници, сакајќи да го возобновиме и заживееме нашиот манастир и духовниот живот во него, a со тоа да го вратиме и стариот сјај што го имал манастирот низ вековите, решивме да се обратиме и до вас.

Со оглед на слабата финансиска состојба во која се наоѓа манастирот, се надеваме на вашата помош дека, како и секогаш, ќе излезете во пресрет на нашите молби.

Lesnovo.donacija.jpg

Lesnovo.donacija.jpg

Lesnovo.donacija.jpg

Lesnovo.donacija.jpg

Lesnovo.donacija.jpg

Lesnovo.donacija.jpg

Имаме намера, со Божја помош и ваша поддршка, да ги возобновиме  конаците во  источниот дел од манастирскиот комплекс, каде што се наоѓал и древниот книжевен центар, со една од најбогатите библиотеки на Балканот, во која се чувале над 1.500.000  ракописи.

Тој дел е опожарен пред повеќе од педесет години и се наоѓа речиси во урнатини, а ни е многу потребен заради престој и нормален живот на нашето монашко братство, кое постојано се зголемува.

Молбата до вас е да ни помогнете со финансиски средства или со градежни материјали, во рамките на вашите можности.

Покрај ова, манастирот се соочува и со друг проблем – недостаток на вода за пиење, но и на техничка вода, која ни е неопходна за нормално функционирање на братството и манастирската економија.

Однапред ви благодариме за вашата љубов и грижа кон ова  Македонско Православно Светилиште.

За вашиот доброволен прилог, Бог нека испрати голем благослов и мир во вашите домови, нека ги озари вашите души и срца со небесна радост и утеха и нека ве удостои со награда во Царството Небесно.
Игумен Дамаскин со Лесновското братство.

Lesnovo.donacija.jpg

СО БОЖЈА ПОМОШ И ВАША ПОДДРШКА ДА ГИ ВОЗОБНОВИМЕ КОНАЦИТЕ НА ЛЕСНОВСКИОТ МАНАСТИР

денaрска  жиро-сметка:
200001316627067
Стопанска Банка А.Д. Пробиштип

девизна жиро-сметка:
МПЦ Манастир „Св. Гаврил Лесновски“
IBAN: MK 07200002054453493 (EUR)
SWIFT: STOBMK 2X

Телефони за донација:  070 143 414  /  075 143 500  /  077 143 333

Lesnovo.donacija.jpg

Да ги возобновиме конаците на Лесновскиот манастир from Lesnovski Manastir on Vimeo.

Lesnovo.donacija.jpg

Lesnovo.donacija.jpg

Lesnovo.donacija.jpg

Лето Господово 2011

Надополнето (15/11/2011)

Ги замолуваме сите наши верници во дијаспората да ни простат, бидејќи поради технички превид е згрешен IBAN бројот на нашата девизна сметка во досегашната видео презентација. Точниот IBAN број е: MK 07200002054453493 и веќе е сменет и во видео презентацијата.

Ве молиме оваа исправка да ја доставите и на сите кои досега ја виделе претходната видео презентација.

 

Ви благодариме.  

Од Игумен Дамаскин

со Лесновското братство.