sv.nektarij.bitolski.jpg 

   
18/5/декември Лето Господово 
Родум од Битола. Се подвизуваше најпрво во манастирот Свети Врачи кај Битола, заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа премина на Кареја, каде што го продолжи подвигот под раководство на Старците Филотеј и Дионисиј во келијата на Св. Архангели. Откако ги победи човечката завист, демонските напасти и тешките болести, се пресели во Царството Христово на 5 декември 1500 година. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени и благоухани, почиваат во истата келија.

 

 
 Во Битола се одржа литија посветена на Свети Нектариј Битолски

Битола, 18 декември (МИА) - Во Храмот „Свети Димитрија“ во Битола утрово се одржа литија посветена на свети Нектарија Битолски на која чиноначелствуваше Митрополитот преспанско-пелагонски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.

Богослужбата освен во Храмот Свети Димитрија  се спроведе и низ Широк сокак, каде свештенослужители ги носеа светите мошти на Свети Агатангел Битолски.

Во Битола на овој ден традиционално се слави Свети Нектариј Битолски. Тој потекнувал од благочестиво битолско семејство. Свети Нектариј се замонашил на Света Гора каде ден денес се наоѓаат светите мошти. Од битолската епархија потврдуваат дека моштите на Нектариј Битолски биле откриени нераспаднати и положени во ковчег во црквата на Јагарската келија на Света Гора. мт/гс/12:12 

{moshits}