МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
ПОВАРДАРСКА ЕПАРХИЈА

Почитувани,
Ве известуваме дека на 20. 02. 2011 година (недела) ќе се изврши преосветување на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На денот на осветувањето со почеток во 08:30 часот ќе се отслужи Света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужние на надлежниот Митрополит на Повардарската епархија г. Агатангел и другите членови на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква, а во предвечерјето на овој настан (сабота) со почеток во 18 часот ќе се отслужи Вечерна Богослужба во истиот храм.
Повардарска православна епархија - Велес
ул. „Ѓоре Органџиев“ бб
тел. 043 221 231 факс 043 221 231
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.