Goran.sv.Erotej.jpg

Скопје, 21 јануари    2011  год.- храмот на св. Петка

Goran.sv.Erotej.jpg

 

 Во 33-та та  недела по Педесетница,  на празникот на   свети Григориј, епископ Охридски, светите маченици Јулијан и Василиса, преподобен Георгиј Хозевит  во  храмот на св.Петка , во населбата Црниче, во Скопје, се отслужи  Василиева  Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Goran.sv.Erotej.jpg

 Goran.sv.Erotej.jpg

Goran.sv.Erotej.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 51)

Рече Господ на Своите ученици: „Имајте вера во Бога. Оти, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ,Дигни се и фрли се в море!’ и не посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже. Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови. Ако ли, пак, вие не проштавате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.“

Goran.sv.Erotej.jpg

Goran.sv.Erotej.jpg

Goran.sv.Erotej.jpg

Goran.sv.Erotej.jpg

Goran.sv.Erotej.jpg


По Литургијата

  Goran.sv.Erotej.jpg

  Господи, Љубов неискажлива, сети се на Твоите чеда упокоени!

Goran.sv.Erotej.jpg

Goran.sv.Erotej.jpg


Goran.sv.Erotej.jpg

 Преминпортал

Лето Господово 2011

 

Друго:

Поука

Старец Паисиј Светогорец

Поголема е вредноста на словото на еден смирен човек со опит, што излегува со болка од длабочината на неговото срце, отколку куп красноречиви зборови на еден конте што зборува набрзина и со извежбан јазик, но не ги исполнува душите зашто зборовите се телесни, а не се пламениот јазик на Светата Педесетница.