bogorodica.k.dol.jpg

ЧЕТВРТА КНИГА

bogorodica.k.dol.jpg

ПСАЛМ 105
Благодарствена песна за милост Божја кога Израил згрешил

1 Алилуја! Славете Го Господа, зашто е добар, зашто Неговата милост е вечна.
2 Кој ќе ја искаже силата на Господ, кој ќе ја разгласи сета похвала Негова?
3 Блажени се оние што се држат до правдата и вршат праведност во секое
време.
4 Сети се на мене, Господи, во благоволението Свое кон Твојот народ; помогни ми кога ќе ги спасуваш нив,
5 за да ги видам во добрини Твоите избраници, за да се развеселам со веселбата на Твојот народ, за да се пофалам заедно со Твоето наследство.
6 Згрешивме ние и татковците наши, правевме беззаконија, постапувавме
нечестиво.
7 Нашите татковци во Египет не ги ценеа Твоите чудеса, не ги помнеа многуте
милости Твои и се побунија кога се приближија до Црвеното Море.
8 Но Тој ги спаси заради името Свое, за да им ја покаже силата Своја.
9 Му се закани на Црвеното Море, и тоа се исуши; и ги преведе по бездните
како по пустина;
10 и ги спаси од рацете на оние што ги намразија и ги избави од рацете на
непријателите.
11 Водите ги покрија нивните непријатели; не остана ниеден од нив.
12 И тие поверуваа на зборовите Негови и Му испеаја похвала.
13 Но тие набргу ги заборавија делата Негови, не го дочекаа Неговото решение;
14 се занесоа од похотливоста во пустината, па Го искушуваа Бога во безводната земја.
15 Тој го исполни нивното барање, но прати и пораз за душите нивни.
16 Му позавидоа на Мојсеј во логорот и на Арон, светецот Господов.
17 Се отвори земјата, го голтна Датан и ја покри дружината на Авирон.
18 И пламна оган врз нив, и пламенот ги изгори нечестивите.
19 Направија теле на Хорев и му се поклонија на идолот.
20 Ја заменија својата слава со лик на теле, што јаде трева.
21 Го заборавија Бога, својот Спасител, Кој изврши големи дела во Египет,
22 чудеса во Хамовата земја, страшни дела при Црвеното Море.
23 И рече дека ќе ги истреби, но Мојсеј, Неговиот избраник, се застапи за
нив во пукнатината, за да ја одврати јароста Негова, та да не ги погуби.
24 Тие ја презреа саканата земја, не Му веруваа на зборот Негов;
25 и роптаа во шаторите свои, не го послушаа гласот Господов.
26 Тој крена рака и им се заколна дека ќе ги погуби во пустината,
27 Ќе го расее нивното семе меѓу народите и дека ќе ги растури по земјите.
28 Тие се придружија кон Ваал–Фегор и јадеа жртви, принесувани на мртви,
29 Го дразнеа Бога со делата свои, и на нив падна погибел.
30 Но стана Пинеас, се зазеде и поморот престана.
31 И тоа му се прими за праведност од род во род довека.
32 И Го разгневија Бога кај водите на Мерива, и Мојсеј настрада заради нив,
33 заШто тие го огорчија духот негов, и тој згреши со устата своја.
34 Не ги истребија народите, за кои им беше рекол Господ,
35 туку се смешаа со незнабошците и свикнаа на нивните дела;
36 им служеа за нивните идоли, кои им станаа замка,
37 и ги жртвуваа синовите свои и ќерките свои на злите духови;
38 и проливаа невина крв, крвта на синовите свои и на ќерките свои, што им
ги жртвуваа на хананските идоли, па земјата се извалка од таа крв;
39 се осквернија со делата свои, блудствуваа со постапките свои.
40 Се разгоре гневот на Господ против Неговиот народ, и Му омрзна наследството Негово,
41 па ги предаде во рацете на непријателите и завладеаја над нив оние што ги
мразеа.
42 Непријателите нивни ги угнетуваа, и тие се покоруваа под нивната рака.
43 Многупати ги избавуваше, но тие беа бунтовни со своите намери, па беа
понижени поради своите беззаконија.
44 Па сепак, Тој погледна на нивната потиштеност, кога ги слушаше нивните
молби,
45 си спомна на Својот завет со нив, се сожали поради големата милост Своја;
46 па поттикна сожалување спрема нив кај оние што ги беа заробиле.
47 Спаси нé, Господи, Боже наш, и собери нé од незнабошците за да го славиме
Твоето свето име, да се фалиме со Твојата слава!
48 Нека е благословен Господ, Бог Израилев, отсекогаш засекогаш! И сите
луѓе нека велат: Амин! Амин! Алилуја.

Aleksand.Lit.jpg

„Ќе му пеам на Господа се додека постојам.  “


Од преполнетото срце на Давида и другите псалмописци, се изли копнежот на секое срце човечко да заедничари со Бога да испроси од Бога прошка за согрешенијата, изливајќи го низ благопријатната песна своето покајание пред престолот Божји и од Сесилниот Господ да побара заштита од злото кое постојано го притиска.


Секоја Богобојажлива душа колку повеќе ги чита светите псалми се повеќе во неа се буди радоста која произлегува од посетата на Божјата благодат и се влева во неа мир и сигурност од закрилата на цврстата закрила  Божја. 
Господ наш  Исус Христос ги посочува и како пророштва за она што стана со Него а заради нашето спасение /лк.24.44/.Светите Апостоли пак ги препорачуваат на верните за усовршување во верата/Еф.5.19/. Великите отци наши /св.Атанасиј Велики , св.Григориј Ниски , св. Јован Златоуст .../со голема радост говорат за нивната душеполезност во своите беседи и одговори на верниците за поуките од псалмите, препорачуваќи ги на верните што повеќе да ги читаат. Светата Црква поделуваќи ги во таканаречени катизми ги распоредила во богослужбениот неделен циклус со цел да се прочита целиот псалтир за една седмица, а за време на Великиот пост и два пати. За жал денес катизмите честпати се прескокнуваат на богослужбите од причини да се постигне во време и другите обврски да можат да се завршат, а ако се земе во обзир и тоа што во многу храмови не се служзи секојдневно/ да не бидам погрешно сватен ова најчесто се случува од практична па и финансиска невозможност/за да не се маргинизира псалтирот и верните да не се исклучат од големите дарови кои произлегуваат од неговото читање се препорачува на верните покрај молитвеното правило во своите молитви да го практикуваат и читањето на псалмите со голема богобојазливост за да нацрпат од овој благодатен извор многу дарови за своја душевна полза - за мир, утешение, здравје и спасение .Амин!

о. Горан Тасески

vinjeta.m.jpg

 ПСАЛМИ

Вовед

Псалмите се најдолгата книга во Светото Писмо. Тие се песни кои се пееле со музичка придружба, или, пак, се рецитирале како молитви. Значителен број псалми се напишани од Давид, но има и од други писатели, како што се Асаф, Мојсеј, Соломон и потомците на Кора. Овие песни биле собирани подолго време и заземале важно место во богослужбите на израилскиот народ.
Името Псалми потекнува од насловот на оваа збирка песни во грчкиот превод на Стариот завет.
Сто и шеснаесет псалми содржат пред-текст кој дава податоци за потеклото, видот и музичката придружба на соодветниот псалм. Можат да се издвојат повеќе видови псалми, меѓу кои:
1. Химни, или славословија кои Го слават Господа. Такви псалми се: 8, 9, 32, 99, 102-104, 110, 112, 113, 116, 134, 135, 144-149.
2. Псалми во кои Господ е прикажан како Цар: 46, 92, 95-98.
3. Псалми за владетелите: 2, 17, 19, 20, 44, 71, 88, 100, 109, 143.
4. Сионски песни: 45, 47, 75, 86, 131.
5. Псалми за верата во Бога: 1, 36, 48, 72, 77, 111, 118, 126, 132.
6. Псалми испеани во неволји: 11, 43, 57, 59, 73, 78, 79, 82, 84, 89, 93, 105, 107, 122, 125, 136
7. Молитви упатени кон Бога, поради несреќи: 5-7, 12, 16, 21, 24, 25, 27, 30, 34, 37, 38, 40-42, 50, 53, 56, 58, 60, 62, 63, 68–70, 85, 87, 101, 108, 119, 129, 139-142.
8. Благодарствени псалми: 9-10, 29, 31, 33, 39, 91, 106, 115, 117.
Инаку и Исус пеел некои псалми, заедно со Неговите ученици (види Мр. 14,26).
Псалмите се цитирани повеќе од сто пати во новозаветните книги. Некои псалми содржат прототипови за Личноста на Исус Христос. На пример, псалмите 21 и 68 ги претскажуваат Христовите страдања, додека псалмите 15, 109 и 117 содржат елементи на Христовото воскресение и слава. Псалми во суштина се состои од пет книги и тоа: 1. Пс. 1-40, 2. Пс. 41-71, 3. Пс. 72-88, 4. Пс. 89-105 и 5. Пс. 106-151.

Извор: БИБЛИЈА

Друго:

bogorodica.k.dol.jpg

„НА РЕКИТЕ ВАВИЛОНСКИ“

 Ново издание од Повардарската епархија (18.02.2010)