Скопје, 22  јуни  2010 год.- Трибина на тема „Библијата во современиот живот на младите“.

markov.sv.Zlata1.jpg

Свештеник Сашко Николовски : „БИБЛИЈАТА И ХРИСТИЈАНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО СОВРЕМЕНИОТ ЖИВОТ НА МЛАДИОТ ЧОВЕК

markov.sv.Zlata1.jpg

(Извадок)


„Понекогаш луѓето си велат Библијата е стара книга, па нејзините пораки се старомодни, а нејзините начела ја ограничуваат слободата во човекот? Но не е така! Библиските заповеди не ја ограничуваат слободата во човекот, туку и даваат целосна подршка и спознавање на благодатта за остварување на доброто. Небесните рецепти од Бога дадени, кои грижливо се чуваат во православната црква, која е "столб и тврдина на вистината" (1.Тим. 3,15) не учат гладниот да го нахраниме, жедниот да го напоиме, грешникот да го поправиме, да не крадеме, да не лажеме, да не убиваме и зло да не нанесуваме на никого итн., итн. Искрено речено, тука не гледаме ограничување на слободата.
Но, Бог и Божјото слово го ограничуваат гревот, поточно го разоткриваат неговото промашување на целта од човековиот живот и неговиот пат кој води кон злото и погибелта. Со тоа тие ја ограничуваат слободата на гревот и на оние кои го сакаат гревот. Зашто гревот е газење на Божјата волја. Бог постои, а тогаш постои и победа над гревот. Во таа смисла, како оправдание на гревољубивото човеково срце, атеистот Сартр отворено признал кога вели: "Бога го нема, не може и не смее да го има, зашто инаку се не ни е дозволено". Така рекол, зашто моралот на атеизмот е морал каде гревот не смее да има окови. Се е слободно, па и гревот треба да има слобода. Нема пред кого да одговараат за своите гревови, зашто не веруваат во Бога. Во таа смисла сметаат дека примената на библиските начела значат ограничувања во животот.
Но ние христијаните, знаеме дека Бог не создал со слободна волја, доброволно да се определиме за доброто или злото. Бог не не ограничил, ни дал слободна волја. Но таа слободна волја треба да ја упатиме во исполнување на Божјата волја, или како што вели светиот апостол Павле: "Се ми е позволено, но не е се полезно; се ми е позволено, но не е се за поука" (1. Кор. 10,23). Затоа, христијаните не го мразат човекот, напротив го сакаат, зашто тој е Божјо создание, но го мразат гревот во човекот, кој не е творба на Бога, туку на ѓаволот. Христијаните не ја мразат слободата, зашто "каде што е Духот Господов, таму има слобода" (1.Кор. 3,17), тие не го сакаат грешното човеково користење на слободата.
Точно е и тоа, дека Библијата е стара книга, но во исто време и современа. Таа е Божји збор, а Бог е неизменлив, не подлежи на иромени, туку секогаш е еден и ист. Во "Него нема промени ни сенка од измена", ни вели светиот апостол Јаков (Јаков 1,17), а светиот апостол Павле ни потврдува "Иисус Христос е ист вчера, и денес, и во веки" (Евр. 13,8). Самиот Бог, пак, преку пророкот Малахиј говори: „Јас сум Господ и не се менувам" (Малахиј 3,6). Како што Бог е неизменлив, така и неговиот морален закон е неизменлив. Добродетелта секогаш е добродетел, а гревот е секогаш грев. Токму затоа, како сега, така и во минатото, а и во иднината Библијата била, е и ќе биде книга која ни давала, и ни дава вистински и соодветен совет за животот. Нејзините пораки применети во животот на луѓето секогаш не водат во напредок, како на духовен, така на материјален и на културен план. Со право Тим Планк вели: "Не е никаква случајност што баш најголемите умови на сите времиња биле воедно и длабоко религиозни луѓе". Таа не води до вечната награда која човекот може да ја добие, а тоа е "вечниот живот" (Јован 17,3), зашто самиот Господ ни вели: "Јас сум патот, вистината и животот" (Јован 14,6)
Блажени се "оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат" (Лука 11,28), зашто: "Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен и годен за секое добро дело" (2.Тим. 3,16-17). Блажени се и сите денешни млади луѓе, но и сите други кои ги слушаат и пазат Христовите зборови, а потоа во животот ги преточуваат во дело. Нивната награда ќе биде голема, најнапред во нивните семејства и во работните простории каде што учат и работат. Ке биде голема и за нив самите и за Татковината, зашто ќе имаме доброл^убиви и корисни личности со вистински идеали за развој и напредок во животот. И на крајот голема ќе биде наградата за црквата, која се радува за секој човек што се спасува.

markov.sv.Zlata1.jpg

За крај сакам да упатам неколку пораки од Библијата до младите луѓе:

Ако си тажен и осамен, читај ја 14 глава од Светото евангелие според Јован;
Ако си разочаран, читај ја 40 глава од Книгата на пророкот Исаиј;
Ако те разочаруваат луѓето, читај го 26 Псалм;
Ако си направил грев, читај го 50 Псалм;
Ако си болен и имаш болки, читај ги 6, 39 и 89 Псалм;
Ако си нервозен, читај го 33 Псалм;
Ако се наоѓаш во опасност, читај го 90 Псалм;
Ако молитвите ти стануваат сиромашни, читај го 64 Псалм. Ако почувствуваш дека си се оддалечил од Бога и се наоѓаш во искушенија читај го 138 Псалм;
Ако се чувствуваш отфрлен и ако си во очајание, читај ја 8 глава од посланието до Римјаните;
Ако сакаш да се раздвижи твојата вера, читај ја 11 глава од Посланието до Евреите;
Ако сакаш да си поблиску до Бога и повеќе да донринесеш за своето спасение, за напредокот на твојата Татковина и твојот народ, читај го Светото писмо и моли Му се на Бога, па Бог ќе ти даде сили и благодат да твориш секакво добро дело, меѓу сите луѓе. Со тоа ќе сознаеш дека Бог и Библијата те водат кон подобар и поубав живот, исполнет со вистински христијански вредности и постојана радост.

Свештеник Сашко Николовски

"Се што не е според верата, грев е" (Рим. 14,23).
"Од погани и бапски приказни одбегнувај" (1.Тим. 4,7)
"Верата е жива претстава за она, на кое се надеваме, и докажување на она, што не се гледа" (Евр. 11,1).

markov.sv.Zlata1.jpg

 

Во Скопје, на 22 јуни 2010 година, во организација  на Македонско–демохристијанската унија на Македонија, се одржа  трибина на тема „Библијата во современиот живот на младите“.

Свое излагање имаа: отец Сашо Николовски и г. Александар Спасеновски, пратеник во Собранието на Р. Македонија,  Влатко Ѓорчев-пратеник и Оливер Димитриоски од МДУ.

На трибината преку нивните излагања беа опфатени многу  аспекти на верата и моралните вредности, значајни во живото на младиот човек како на пример :

- Разграничување на тоа што е вера, а што суеверие.
- Дали примената на Библиските начела значи ограничување во животот или можност за напредок?
- Библијата е создадена пред илјадници години но нејзините пораки се сеуште свежи-зошто е тоа така?
- Примери од развиените западни држави за тоа колкаво значење се дава на Христијанските принципи.
- Ако Христијанската традиција во Македонија е стара 2000 години како планираме да ја продолжиме во рамките на современото живеење?

markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

 За сите присутни  беа  поделена книгата „Нов Завет“ и списанието    „Православен Пат“.


markov.sv.Zlata1.jpg

Лето Господово 2010