florida1.jpg

Македонската Православна црковна заедница "Св.Димитрија Солунски" од Вест  Палм Бич јужна Флорида го одбележа патронот-денот на својот заститник и молитвеник пред Бога св.вм. Димитрија. Радоста на сите верни чеда на нашата црква бесе голема и неизмерна бидејќи за прв пат во историјата на оваа црковна заедница се одслужи света Литургија во своја црква  и попратните свеченостите се одржаа за прв пат во своја сала.

florida.jpg
На Литургијата која беше одслужена од страна на парохискиот свештеник отец Ристо Тоцинов присуствуваа голем број на верници речиси од цела Флорида. За време на Литургијата одговараше мал хор кој придонесе за убавината на богослужбата.
   

Во својата беседа отец Ристо се обрати до верниците со зборовите:

"Браќа и сестри нека е честит и благословен овој ден кој значи и почеток на една нова ера на животот во дружба на сите нас помеѓу себе и дружење со Бога. Гледам голема радост на вашите лица, а и јас не можам да го скријам она внатрешно чувство на радост што еве после цели дваесет години иако со голем труд, напор и многу одрекувања се создадоа услови да се изгради Божји дом и еве денес се одслужи и првата света Литургија во него. За сето ова имате успеси сите вие, но не заборавете дека најголемата поткрепа и во најтеските моменти ја имавте од Бога и вашиот заститник и молитвеник пред Него св.Димитрија“.
   Во продолжение на својата беседа отец Ристо се обрати до верните со поучно слово за улогата и значењето на светата Литургија а и тоа како преку нејзе се постигнува единство со Бога, за патиштата на духовното издигнување на верникот за кое нешто требе да ги следиме примерите на светителите-мачениците, преподобните и богоугодни луѓе кои преку својот пример сведочат за тоа. Еден од тие е и св.Димитрија кој сакајќи го Бога, го раздаде својот имот, се одкажа од земните почести и го даде својот живот.

florida2.jpg
florida3.jpg 
florida4.jpg

На крајот се прекрши празничниот леб се раздели на верните и се избра кум за наредната година. На истиот ден во салата се направи и лецитација на икони од иконостасот на основа на проектот изработен од иконографското студио АРТСОМЕ од Виндсор, Канада.Ова е реален почеток на животот на верните македонски верни свети климентови чеда на просторот во Флорида. Дај Боже еден ден овој храм да постане црковен, културен и просветен македонски центар.       

florida5.jpg
Известува: Г.С.
Посети:{moshits}