vozdvizenie.jpg   vozdvizenie.jpg

   На денот на  св. Антониј и св. Атанасиј, (29, 30 и 31 јануари оваа година), Европската епархија на МПЦ го одржа редовното годишно Собрание во Париз, Република Франција. Домаќини на ова 9-то по ред епархиско собрание беше црковната општина „Св. Кирил и Методиј“ од Париз, предводена од протојереј Огњан Радован Анастасовски и г-дин Борко Станојковиќ, претседател.

 

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

 Собранието започна со Света Литургија на која чиноначалствуваше надлежниот владика, Неговото високопреосвештенство г-дин Пимен во сослужение со 10 негови свештеници, а во присуство на голем број делегати од Европа и верниот македонски народ од Франција.

vozdvizenie.jpg

 По Литургијата беше промовирана книгата „20 години Македонска православна црковна општина во Франција“ од парохискиот свештеник протојереј отец Огњан Радован Анастасовски. Во обраќањето на митрополитот г-дин Пимен беше посочено и тоа дека оваа црковна општина е формирана 5 год. пред формирањето на самата Европска епархија и дека богатата и плодна активност на раководните членови на оваа ЦО заслужуваше конечно да биде издадено едно вакво фактографско дело богато со важни податоци и фотографии кои сведочат за минатото и почетоците. Авторот пак, истакна дека книгата е плод на активната заложба што пообјективно, да се претстави развојот на црквата во Париз и дека при тоа биле консултирани сите активни членови од денот на самото формирање па се до денес и дека биле искористени сведоштвата на првите македонски мисионери во Париз, протојереј Ацо Гиревски, кој е и рецензент на оваа книга, протојереј ставрофор Јован Таковски и протојереј отец Стефан Санџаковски. На крајот митрополитот г-дин Пимен на епархиските делегати им подари по еден примерок од книгата.
По кратката пауза за ручек, молитвено беше отворено Епархиското собрание на кое се дискутираше по многу актуелни прашања меѓу кои и организациската и финансиската структуираност на епархијата и активностите кои ги превзема истата за збогатување на духовниот живот на Македонците во дијаспората.
Собранието заврши со Света Литургија во неделата кога црквата го празнува споменот на св. Атанасиј Велики. За време на Литургијата Митрополитот г. Пимен ги ракоположи во најнискиот свештенички чин чтец, верните чеда Божји Горданчо Златков и Тоде Веселинов, кои прислужуваат при македонскиот православен храм „Св. Архангел Михаил“ во Неиве, Италија.
Добивајќи архипастирски благослов за мир и напредок, заврши 9-тото по ред Европско епархиско собрание. Следното ќе се одржи во Неиве, Република Италија.
На многаја лета Владико!

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

Известува: отец Михајло Матевски