Esen.manastir1.jpg    Esen.manastir1.jpg


За Светиот Јован Шангајски има толку многу да се зборува...Но, овојпат за него ќе раскажува едно од многуте скапоцени дела што ги оставил зад себе – прекрасниот Храм во Сан Франциско посветен на Пресветата Богомајка! Се во врска со овој Храм е еден вид рефлекција на прекрасниот Јован, јасна отслика на неговиот Богоугоден живот и светата, беспрегорна  дејност. Самите величествени ѕидини на Храмот, благодатта и неовоземниот мир внатре во него, многу свети Богослужбени книги, црковни предмети и садови што ги држеле светителските раце, Светите Богослужби кои се служат секојдневно и правилно според Типикот – онака како што светиот Владика секогаш и секаде каде што го праќала Божјата промисла се залагал да се служи... се за него шепоти и раскажува.

Esen.manastir1.jpg
 
И не случајно било одредено токму во овој Храм Светителот да го најде својот покој од житејските прекумерни грижи и натчовечки трудови. Токму овде пребиваат чесните светителски мошти и најтангибилно сведочат за присуството на Светиот, потврдувајќи ги зборовите изречени во Светото Писмо: „Праведниците живеат за навек!“

Храмот „Радост на сите ожалостени“ е една прекрасна жива Црква.

    Esen.manastir1.jpg    Esen.manastir1.jpg

Во неа секојдневно се Богослужи: наутро во 8 часот се служат часови и Света Литургија, а во 6 вечерта- Вечерни и Утрени Богослужби. Во сабота спроти Недела и за поголеми Празници се служат Бденија. Пред саботните Бденија, пак, секогаш се служи Молебен кон Светиот Јован на кој Свештениците и народот заеднички го просат посредувањето и помошта на Светителот, а Свештениците ги читаат сите претходно подготвени од верниците ливчиња со имиња, поставени на посебно одредено место до светиот кивот.

Esen.manastir1.jpg

Покрај овој редовен сеопшт Молебен, скоро секој ден, по или пред Богослужбите, Свештениците добиваат молби од верниците за отслужување на посебни Молебени кон Светиот Јован – за нив и за нивните ближни. А тие никого не одбиваат. Бог нека ги благослови за нивните трудови! Цена за Молебен не постои, но верниците можат доброволно да ги даруваат Свештениците или пак да остават прилог кој оди за нив во мал отвор на кивотот наменет посебно за тоа.

Важно е и да се спомне дека во Храмот, уште од самото негово основање па до денешен ден, на дело се поткрепува идејата дека една од главните задачи на Црквата е да ги воспитува децата во духот на светото Православие. Станува збор за постоењето на руска гимназија – Св.Кирил и Методиј, основана уште при основањето на Храмот во 1927 година. Исто така, во 1994 година е основана и Св.Јовановата православна академија која е всушност приватно училиште за деца од 6 до 12 години, каде што децата имаат можност да учат во православна средина.
Децата и младите се и дирекно вклучени во Црковниот живот преку посетување на Светите Богослужби, преку прислужување во Олтарот, а многу од нив и преку активно членство во Црковните хорови. Во овој Храм покрај Архиерејскиот хор, оформени се и младински Св.Кирило-Методиевски хор и детски хор. Русите уште од најмала возраст ги учат децата на Црковно пеење, а посветеноста, искуството и праксата си го прават своето – пеењето на Богослужбите секогаш звучи прекрасно!

Esen.manastir1.jpg  Esen.manastir1.jpg



    Esen.manastir1.jpg

А еве како преподобниот Серафим Роуз (кој токму во овој Храм ја примил Светата Православна вера и извесно време служел во него како протопсалт) накратко ја опишал историјата на овој прекрасен Храм:
  „Руската Православна Катедрала во Сан Франциско, посветена на иконата на Божјата Мајка „Радост на сите ожалостени“, се јавува како жив пример на значењето на таа икона. Храмот бил основан во 1927 година, од група верници на Руската Задгранична Црква. Уште од самиот почеток се јавиле многу таги и искушенија додека овој храм се обидувал да опстои како единствениот сеуште верен на Руската Задгранична Црква. Оттогаш, па до денес, претрпел секакви искушенија својствени за Руската дијаспора, а и ред искушенија предизвикани од ѓаволот за раздор меѓу верниците. И покрај сите искушенија, храмот останал верен на Руската Задгранична Црква, а за таа верност Господ го наградил со множество духовни радости, меѓу кои спаѓа и изградбата на прекрасната нова Катедрала која постана една од најголемите парохии на Руската дијаспора. Таа и денес стои како сведок за непрекидливиот континуитет на Православната вера, првенствено.

 (Продолжува)

Подготви: С.Л.