Скопје, 25.06.2009 год.

SAS.sednica.jpg
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква на 24 и 25 јуни одржа редовна летна сесија, во полн состав, на која, покрај големиот број на тековни прашања од животот на Црквата, ги разгледа годишните епархиските извештаи на надлежните епархиски архиереи и истите ги прифати.

Синодот му посвети и сериозно внимание и на соопштенето од Соборот на Српската православна црква, како и на изјавите на епископот Бачки г. Иринеј со кое ја навестува можноста за продолжување на дијалогот помеѓу Македонската и Српската православна црква, на што Синодот ќе одговори со свој конкретен предлог.

Согласно духот на меѓународните декларации и конвенции за човекови права, правото на самоопределување и изразување на сопствениот идентитет е неприкосновено и како такво не зависи од генетско-биолошките условувања. Токму затоа, Синодот смета дека е беспредметна секоја расправа која предизвикува поделба околу тоа дали ние сме со античко, словенско или друго потекло. Ние сме Македонци!

SAS.sednica.jpg

На овие простори повеќе од евидентна е конзистентноста и континуитетот на христијанската култура и идентитет уште од времето на светиот апостол Павле, преку свети Климент Охридски - наречен од поглаварите на древната Охридска архиепископија како втор апостол Павле, па сè до денес. Сите конститутивни елементи кои го сочинуваат битот и историскиот идентитет на македонскиот народ се втемелени и преобразени во Христијанството, за да низ вековите бидат инкорпорирани во христијански идентитет, кој е толку многу карактеристичен за она што ние денес сме.

Светиот архиерејски синод уште еднаш изразува жалење заради укинување на веронауката во образовниот систем и дава поддршка на Министерството за образование за воведување на предметот етика на религиите како изборен предмет во редовното образование.

Синодот се оградува и ги осудува сите насилни дејствија како начин на решавање на прашањето за градење или неградење на црква на плоштадот „Македонија” во Скопје и воедно изразува загриженост за создавањето на јавно мислење за отпор кон возобновување на црквата „Свети Константин и Елена” во центарот на градот, потсетувајќи дека сето она што ни е блиску - го лоцираме во центарот, а не на маргините на нашето битисување.  

Во пресрет на големиот јубилеј - 1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски, МПЦ во соработка со МАНУ ќе организира меѓународен научен симпозиум за животот и делото на светителот.

   КАНЦЕЛАРИЈА НА САС НА МПЦ


Портпаролот на САС на МПЦ, во разговорот со медиумите, ги соопшти одлуките од дводневната седница на Синодот на МПЦ.

SAS.sednica.jpg

„СИНОДОТ НА МПЦ ОДЛУЧИ ДА ГИ ПРОДОЛЖИ ПРЕГОВОРИТЕ СО СПЦ “

SAS.sednica.jpg

„Македонската православна црква позитивно ќе одговори на пораките од СПЦ за возобновување на разговорите. Оваа одлука денеска ја донел Синодот во полн состав. “

SAS.sednica.jpg

„Владиците на МПЦ имаат јасен став дека во новата рунда разговори ќе влезат со позиции за зачувување на автокефалниот статус и името Македонска православна црква. Нема да прифатат какво било уценување со директно присуство на Вранишковски на овие разговори.“



SAS.sednica.jpg

Митрополитот Европски г. Пимен во неформален разговор со неколку претсѕтавници на медиумите.

SAS.sednica.jpg

Посети: {moshits}