sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg
во која молитвено го прославуваме
Светиот Григориј Палама,
Архиепископ Солунски

 Светилнику на Православието, тврдино на Црквата и учителу, убавино на јерарсите, непобедлив поборнику на богословите, чудотворче Григорие, славо солунска, и проповеднику на благодатта, моли Го Бога непрестајно, да ги спаси душите наши.
Тропар
 
 Во светот си живеел со блажен живот, а сега на Небото се радуваш со хорот на блажените, владико Григорие, зашто со својата кротост си ја наследил земјата, која кротките ја наследуваат. Бог те збогатил со благодат на чудотворство, која ја даруваш на оние кои те чествуваат.
Стихира на Утрена

 Времето на добродетелите простигна, а Судијата е пред вратата. Да го држиме постот принесувајќи солзи, покајание и милостина, да заплачеме, оти гревовите наши се побројни од песокот во морето, но, Избавителу на сите, прости ни секому од нас, да примиме венец нетрулежен.
Утрена, втора Недела од Постот

markov.prezde2.jpg

Молитва:
Боже, Кој во минатото си говорел на татковците наши, пророците и светите на Црквата Твоја, говори ни и нам преку Синот Твој, Исуса Христа. Отвори ги срцата наши, та преку твојата помош непрестајно да го слушаме словото и да ја твориме волјата Негова. Амин

Читање од Светото Писмо:
Послание Евреите 1, 10-14
Свето Евангелие по Марко 2, 1-12

  Созерцание: Затоа треба да бидеме нарочно внимателни кон она, што го чувме, па да не би некако да отпаднеме.
Послание до Евреите 2, 1

Подготви: А.Л.

Bogorodica.Drzavnaja.jpgЗа иконата на Божјата Мајка "Державнаја"


 Од Православен календар на МПЦ  

Светиот свештеномаченик Теодот     15/03/2009

Епископ Кириниски на островот Кипар. За неговата мудрост и добродетел го избраа за епископ и со љубов и ревност управуваше со Црквата Божја. Кога настана гонење на христијаните во времето на нечестивиот цар Ликиниј, овој Божји човек беше изведен на суд и подложен на маки. Кога мачителот Савин го советуваше да се одрече од Христа и да им се поклони на незнабожечките идоли, Теодот му одговори: „Да би ја знаел ти добрината на мојот Бог на Кого се надевам дека заради овие краткотрајни маки ќе ме удостои со вечен живот и самиот би посакал да пострадаш за Него вака како јас“. Му удираа клинци во телото, а тој Му се молеше на Бога со благодарност; па мислејќи дека крајот му е близу, ги советуваше и ги поучуваше христијаните што беа околу него. Но по Божја Промисла царот Константин во тоа време објави слобода за христијаните и нареди да бидат пуштени сите што се под суд заради Христа. Тогаш го ослободија и овој светител и така изнамачен се врати на епископската столица во Киринија и поживеа уште две години. Потоа се упокои во Господ Кому верно Му служеше и за Кого многу пострада. Земниот живот го заврши и замина во дворците Господови во 302 година.

Преподобен Агатон     15/03/2009

Голем мисирски подвижник од 5 век. Современик на Св. Макариј и на неговиот ученик Св. Лот. Се грижеше да ги исполнува сите Божји заповеди. Некој од браќата му го пофали ноженцето со кое сечеше прачки за плетење кошници. Кога го слушна, светителот со радост му го подари ноженцето на братот. Говореше Св. Агатон: „За мене би било задоволство да можам на себе да го земам телото на некој лепрозен, а нему да му го дадам моето“. Ете за совршената љубов...