zrze2.jpg


 Души, кои сте далеку од Бога залутани и од Божествените Дарови лишени, дојдете и искрено, од длабочините на срцето, да се вратиме како блудниот син и запееме: Отче благи, кој Си на Небесата, ти згрешивме многу, смилувај се и спаси нè, зашто прибегнуваме кон милоста Твоја.
Утрена, втора недела од Постот

 Поуки од светите отци: Не барај ништо друго освен да се боиш од Него, да Го љубиш и да одиш по сите патишта Негови. Тоа е твојата пофалба и тоа е твојот Бог.
Свети Григориј Палама

Молитва:
Подај ни, Боже, барајќи ја Твојата прошка, да станеме нова твар во Исуса Христа, со нова цел и послушност кон Тебе и обновена решителност да живееме свој живот по Твојата волја, со благодатта Твоја. Амин.

Читање од Светото Писмо:
Исаија 5, 16-25
Битие 4, 16-26
Соломонови Изреки 5, 15-23; 6, 1-3

  Созерцание: Оти патиштата на човекот се пред очите на Господа, и Он ги гледа сите патеки негови.
Соломонови Изреки 5, 21

 

Подготви: А.Л. 


oд Православен календар на МПЦ  

 

 Свети Порфириј, епископ Гаски     11/03/2009

sv.Porfirij.Gaski.jpgОвој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во Мисирската пустина. Под раководство на опитен духовник младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. После ја посети Светата Земја заедно со својот соподвижник, монахот Марко. Се подвизуваше во една пештера близу Ерусалим пет години, но тогаш расслабе во нозете и не можеше да оди. Сепак, ползејќи на колена постојано ги посетуваше Божјите служби. Една ноќ му се јави во видение Самиот Господ и го исцели од болеста во нозете и стана сосем здрав. Кога го избраа за епископ во Газа Порфириј ја прими таа должност со тешко срце. Во Газа затекна само двесте и осумдесет христијани; сите други жители беа идолопоклоници, и тоа фанатици. Само со својата голема вера и трпение Порфириј успеа да ги приведе Газаните во Христовата вера. Мораше лично да патува во Цариград кај царот Аркадиј и кај патријархот Јован Златоуст за да бара потпора во нерамната борба со идолопоклониците. Бараната поддрша ја доби. Идолските храмови беа затворени, идолите урнати, а тој изгради прекрасна црква со триесет меремерни столбови. Ѕидањето на овој храм особено го помогна царицата Евдоксија. Порфириј поживеа доволно долго за да го види целиот град Газа обратен во христијанската вера, но дури после неговите долги и тешки напори, страдања и плачни молитви кон Бога. Се упокои мирно во 421 година. Беше чудотворец за време на животот и по смртта. Моштите и денес му почиваат во Газа.

Светиот маченик Јован Калфа     11/03/2009

Овој светител се роди во Галата во Цариград. По занимање беше ѕидар („калфа“ значи „ѕидар“). Заради усрдното исповедање на христијанската вера се замери со Турците и тие почнаа да го присилуваат да се потурчи. „Не сакам да се одречам од мојот сладок Исус Христос“, им одговараше. „Во Него верувам, Нему Му служам, Него Го исповедам“. После тешки мачења Турците го заклаа на 26 февруари 1575 година во Цариград. Чесно пострада за љубениот Господ и се пресели во Неговите небесни дворци.

Посети:{moshits}