Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлината на познанието; во неа пак, оние што на ѕвездите им служеа од ѕвездата се учеа Тебе да Ти се поклонуваат, Сонце на правдата, и Тебе да Те познаат, Исток од висините, Господи, слава Ти.“ (тропар на празникот) 
 
За посетителите на Премин Портал од : Гоце Секулоски 
Ете браќа и сестри Бог да помага, во чест на предстојниот Велик Празник на Рождеството ХРИСТОВО, ви го испраќам својот братски поздрав со искрена љубов во Оној Кој е Еден од Пресвета Троица, родениот од Отца пред сите векови уште од вечноста по Божество, а Кој заради нас и нашето спасение во последните денови, благоизволи да прими тело од Пресветата Владичица наша Богородица и секогаш  Дева Марија и постана човек, Еден од нас, нам во се сличен освен во гревот; во овие дни се јави како Детенце младо на сите пристапен, Кој како Бог ја слуша ангелската песна: “Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот…”. Со ангелските чинови еднодсушно и ние во еден глас да запееме, слушајки ги зборовите на нашиот Господ ИСУС  ХРИСТОС , Детенцето младо Предвечниот Бог: “мирот Свој вам ви го давам”.
МИР БОЖЈИ, ХРИСТОС  СЕ РОДИ! На многаја лета!
Свјат, Свјат, Свјат
{mp3}Svjat,Svjat,Svjat{/mp3}

Rozdestvo.Hristovo.vodoca.jpg 
Кој ќе ја опише големината Твоја Дево?
Кој ќе ја искаже целата Твоја слава,
Богоносителке?
Ти стана Богомајка соединувајќи го умот
со Бог,
а Бог со телото, Бог Го направи Син човенки
и човекот син Божји,
го помири светот со Оној што светот
го создаде,
со дела не поучи дека луѓето до созерцание
не доаѓаат по пат на сетилата или мислењето,
туку преку очистувањето на умот и
преку причестувањето
со божествената благодат.
Ти ни подари можност со сетилните очи да Го
видиме Невидливиот
во лик и обличје како што е и нашето,
да се приближиме до Невештествениот и
Недопирливиот
Кој прифати вештество."
Христос се роди!
Со љубов во Христос Бог од Дева родениот,
сестринството од манастирот на Пресвета Богородица Елеуса
и Митрополитот Струмички г. Наум

 

Cestitka.Donibruk.Bozik.jpg
 
ХРИСТОС СЕ РОДИ!
До посетителите на ПреминПортал ,
од отец Гаврил, игумен  на манастирот на св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија

Христос се раѓа, славете! Христос од небото пречекајте Го! Христос на земјата воспејте Го! Пеј Му на Господ цела земјо во радост!Пејте Му, народи, зашто се прослави!
Christ is born, celebrate! Welcome Christ from the heaven! Sing to Christ on the earth! Sing joyfully to Lord, o whole world! Sing to Him, o people, because He acquired fame!

Македонската Православна Црковна Опстина Св.Никола
                  Виена Австрија

На сите Македонски православни верници ви посакува срекен Бозик!
Христос се роди !
Навистина се роди!


Bozik.Ikona.jpg

 

Христос се роди!

Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот

со светлина на знаењето; во неа пак, оние што им служеа

на ѕвездите од ѕвездата се учеa Тебе да Ти се поклонуваат,

Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините,

Господи, Слава Ти.

 Рождество Твоè, Христè Боже наш, возсия мùрови

 свет рàзума: в нем бо звездам служàщии звездòю

учахуся Тебè клàнятися Солнцу правди,

и Тебè вèдети с висотù Востòка:

Господи, слава Тебè.

 

Христос се роди!

(Милан Ѓорѓевиќ)


Манастир Успение на Пресвета Богородица, Матка- Скопје

 

 


 По избор, за посетителите на Премин Портал од : Стојанка Тежак

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО  - ЗАГРЕБ
 
     Денес родениот Богомладенец дојде и ни дарува во ликот на најмалиот, најгрешниот наш брат да Го љубиме и да Го препознаваме Него, средбата со нашиот ближен да ни биде проверка на вистинитоста на нашиот живот во Него.
     Од Бога и Оца ниспосланиот Син Божји ни дарува во Црквата - таа несоздадено-создадена икона на Света Троица - и низ Нејзината Света Евхаристија, да го преобразуваме нашето постоење, образувајќи ги личните односи според подобие на она светотроично `како`.
     "Сите едно да бидат, како Ти, Оче, што Си во Мене и Јас во Тебе; и тие во Нас едно да бидат, светот да поверува дека Ти Си Ме пратил" (Јован 17,21).
     Вака возљубувајќи се еден со друг, да бидеме живи и светлозрачни икони на Божјото јавување, вечни сведоци на светотроичниот благодатен домострој на спасението, откриен во Личноста на Богочовекот Христос, во Неговото воскреснато Тело - Црквата и ологосени гласници на радосната вест: Христос се роди!
                                                                                                                                          
                                                                                                                   (Слово од Елеуса, Митрополит Струмички Наум)

 

{moshits}