Detroit.Bdenie.jpg

Денес кога Светата Црква го празнува Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец, во храмот на Св. Ѓорѓи Кратовски во Детроит, САД, беше отслужено Бдение и Божествена Литургија. Радоста беше голема кај верниците кои имаа можност за прв пат на македонски јазик, благодарение на преводот на Вечерната и Утрената служба, да му воздадат слава на маченикот Христов. На службата присуствуваа и гости од црквата Св. Петка од Чикаго.

Detroit.Bdenie1.jpg

Detroit.Bdenie2.jpg

Единствен храм во Македонија посветен на овој голем Христов угодник се наоѓа во манастирскиот комплекс Успение на Пресвета Богородица во с. Јанковец, Ресен.
Храмот е целосно завршен однадвор а се финализираат работите околу фрескоживописот.

 

Detroit.Bdenie3.jpg

 

 


Detroit.Bdenie4.jpg

од Вечерната, глас4 на Господи повикав:
Блажени Игнатие, достојно именуван Богоносец, кога милоствивиот Господ те зеде во Своите раце, за да ти ги открие догматите на врвната философија тогаш ја прими светлината со многубројни зраци и , како сунѓер што ја прима водата така и ти нацрпи од бездната на просвештението. Затоа Го следеше Христа нашиот Бог, Кој те повика. Него моли Го, да ги спаси и просветли душите наши.


Известува: Александар Божиновски

 

{moshits}