20240523_082632

Преподобен Јоаким Крчовски

Преп. Јоаким Крчовски. Просветител и учител за Христовата правда и Божјите заповеди.

Најпрвин беше женет свештеник и имаше три синови, од кои двајца станаа свештеници. Откако остана вдовец се замонаши во Осоговскиот манастир. Се упокои мирно во 1820 година.

 

Тропар на св. Јоаким Крчовски, глас 5.
Ревноста твоја по Христа Господа, наставник те направи на православните,

вистината која ослободува ја полагаше пред секоја душа Човечка,

о Јоакиме пастиру Божји, моли се за нас оче свети,

непрестајно да стражариме над себеси, по твоите свети молитви.


https://youtu.be/xLHu5HhHM_c


20240523_082737

На 23.05.2024 год., кога црквата го слави споменот на преподобниот Јоаким Крчовски,

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот г. Јосиф, Неговото Преосвештенство епископот Белоградчишки г. Поликарп, и Неговото Преосвештенство епископот Стобиски г. Јаков, служеше света Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Божествената Литургија беше возглавена од Преосвештениот епископ Белоградчишки г. Поликарп.

На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.


20240523_082906

20240523_094426

20240523_095940

20240523_102902

 

 

https://koe.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%bd-%d1%98%d0%be%d0%b0%d0%ba%d0%b8%d0%bc-%d0%ba%d1%80%d1%87%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8/