Spase.Ljupcho1

 

 Spase.Ljupcho

 

 

 

Во првата седмица од Великиот пост кога Црквата го празнува споменот на Светите 40 маченици од Севастија и Светите четириесет битолски преподобномаченици, ереј Спасе Таковски  отслужи Божествена Литургија во сослужение на ѓаконот Благоја Ристевски.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, протоереј Љупчо Вељаноски отслужи мал петочен водосвет.

Spase.Ljupcho2

 

„Празникот св.40 Севаст. мч-ци - Младенци се прославуваат кога црквата и верниците се сеќаваат на страдањата на Светите четириесет војници, кои го прифатиле христијанството во 320 година, за време на владеењето на императорот Ликиниј, и покрај експлицитната забрана на царот.
Така ним им е посветен 22 март поради венците со кои мачениците се овенчаа со љубовта Христова.

Поврзаноста со празникот на венчаните и мачениците ѐ симболиката на венците кои ги примаат младите на чинот на венчавањето.
Светителите на овој ден примиле маченички венци прославувајќи го Христос.
На црковните венчавки на главите на младенците се ставаат венци во име на Бога кои имаат тројна симболика:
Царски венци - секој човек е император во своето мало царство во неговата куќа
Маченички венци - затоа што во бракот треба да се жртвуваш
Венци на бесмртна слава - во царството Христово.“