Spase.Blagoja

Скопје,21ви јули 2023 год.-храм на Рождество на Пресвета Богородица

 Spase.Blagoja1

На 21.07.2023 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви се прослави споменот на :

св. Прокопиј Кесариски;

преп.Теофил Мироточив

 Spase.Blagoja2

 Spase.Blagoja4

Spase.Blagoja3

На 21.07.2023година,во шестата  неделата по Педесетница, кога  МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на св. Прокопиј Кесариски; преп.Теофил Мироточив,во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковски во сослужение на ѓаконот Благоја Ристевски , отслужи Божествена Литургија. Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни.

По Литургијата, и во оваа седмица се направи мал петочет водосвет, а молитви кон Бог и благослов за верниот нарот упати ереј Ангел Сердарски.

 Spase.Blagoja6

 Spase.Blagoja8

 Spase.Blagoja7

Spase.Blagoja9

 Spase.Blagoja5

 Spase.Blagoja10

 Spase.Blagoja13

Spase.Blagoja12

 Spase.Blagoja14

 Преминпортал (к.т)

 

Преподобен Теофил Мироточив
21 јули/8 јули (по стар стил)
Родум од Македонија, од селото Зики. Многу учен човек и голем подвижник. Цариградскиот патријарх Нифонт му порача да отпатува во Александрија и да испита дали е вистина дека патријархот Јоаким поместил гора и испил отров без да му наштети. Кога се увери во вистинитоста на овие чуда, Теофил се врати на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во Ватопед, па во Ивирон и најпосле во ќелијата на Свети Василиј близу Кареја. Овој свет човек ја одби понудата да го прими солунското архиепископство. Со длабоко безмолвие, богомислие и срдечна молитва, успеа да си го очисти умот од сите страсни помисли, па стана чист сад на Светиот Дух и во него живееше Христос. Пред смртта му нареди на својот ученик Исаак кога ќе умре да не го погребува, туку да го врзе со јаже за нозете, да го одвлечка и да го фрли во потокот. Со голем страв ученикот така и направи. Но, Божјата Промисла ги откри моштите на свети Теофил и кога ги пренесоа во ќелијата, почнаа да точат чудотворно миро. Се упокои на 8 јули 1548 година.


Тропар на преподобниот отец
Теофил мироточив

21 јули/8 јули (по стар стил )
Тебе, на кого Господ Исус ти беше живот и дишење,
ти кој не живееше туку Христос во тебе ги вршеше чудесата,
Теофиле свети, денес чест и поклонение ти воздаваме,
како на возљубен од Бога песнопеења ти плетиме,
и молиме за твое застапништво пред Него,
о возљубен мироточив оче наш преподобен.

 

No photo description available.

 

 

Мал петочен водосвет:

„За да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух...“

Што е тоа водосвет?

3.angeli.so.truba

Современ светител, кој бил лекар-хирург, професор на медицина и епископ во Крим, имајќи искуство во телесната и во духовната медицина, ни препорачува: „Пијте почесто света вода. Таа е најефикасен лек. Не ви го велам ова само како свештеник, туку и како лекар. Од моето долгогодишно искуство во медицината“ (Свети Лука Кримски +1961 год.).“

3.angeli.so.truba

Света вода - во што е нејзината сила?

 24ти јули 2020 лето Господово

 Spase.Blagoja11

 Преминпортал (к.т.)