o.Trajche.sv.Sofronij

 

 

 

vozdvizenie.jpg

Светиот пророк Софониј

Од Верскиот календар на МПЦ (16.12.2020)

 

Друго:

Ангелите се бестелесни суштества и ние обичните смртници не можеме да ги видиме со нашите телесни очи. Но, облагодетените и свети подвижници можат да ги гледаат и да зборуваат со ангелите. Во житијата на светиите имаме примери кога одделни угодници Божји зборуваат со ангелите. Така свети Неофит раскажува дека еднаш видел  ангел Божји како седи на еден праг од еден дом и плачел. На прашањето зошто плачеш, добил одговор: „Заради паѓање во грев на момчето што ми е поверено да го пазам. Не можам да се приближам до него бидејќи постана слуга на ѓаволот, а мене ми остана да тагувам и да се молам за него на Бога“. Затоа нашата света Црква секојдневно се моли на Бога, нашиот ангел пазител секогаш да биде со нас, да нè сочува од лоши помисли и нечесни желби и лоши дела и ако непријателот нè излаже и направиме било каков грев и престап, ангелот пазител да нè избави од лошите духови и постојано да нè пази од изненадни беди и искушенија.

Според учењето на светата православна Црква секој човек кога се крштева добива од Бога ангел пазител, кој го раководи и чува од секакво зло во неговиот живот и го води по патот кон Царството Небесно. Ова учење има основа во Светото Писмо. Св. ап. Петар кога бил затворен во темницата и лежел во окови, ангел, според волјата Божја, го ослободува од оковите и темницата: „Ангел Господов застана, и светлина блесна во затворот. Ангелот го потчукна Петра по ребрата и го разбуди, па му рече: стани брзо! И веригите му паднаа од рацете негови. Опаши се и обуј си ги чевлите. Така и направи. И пак му рече: Облечи ги алиштата свои и врви по мене“ (Дела 12, 7-8). Псалмопевецот Давид сведочи дека Господ им заповедал на ангелите да ги чуваат оние кои го љубат Него и Законот Негов. „Затоа што им заповеда на ангелите Свои за Тебе, да Те чуваат на сите патишта Твои“ (Пс. 90,11).

† За Ангелите

Ретроспектива (2005-2020): Митрополит Сурошки Антониј - За имињата и за ангелите

 

Ангелите, наши наставници - Бигорски манастир

ЗА АНГЕЛИТЕ - Повардарска епархија