Aleksandar.Nes.nedela
 

Скопје, 7ти август 2022 год.-храм на св.вмч.Димитриј на празникот на 

Света Ана; Света Олимпијада, ѓакониса; Преподобната девица Евпраксија; Спомен на Петтиот Вселенски Собор; 

Jane.sv.Ana6

Jane.sv.Ana2 
 
 Jane.sv.Ana7
 
 Jane.sv.Ana4
 
Aleksandar.Nes.nedela
 
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 14:14-22
 
 14.     И кога излезе Исус, виде многу свет; и се смили над нив и ги излекува нивните болни.
15.     А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: „Овде е местово пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да отиде по селата и да си купи храна.”
16.     Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!”
17.     А тие Му рекоа: „Ние имаме само пет лебови и две риби.”
18.     Он им рече: „Донесете Ми ги тука!”
19.     И како му заповеда на народот да седне о тревата, ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, ги благослови и како ги прекрши, ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот.
20.     И јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња.
21.     А оние што јадеа, беа околу пет илјади души, освен жените и децата.
22.     И веднаш ги покани Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, дури да го распушти народот.
 
 Jane.sv.Ana8
 
 Jane.sv.Ana9
 
Во осмата недела по Педесетница,, кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави  споменот на Света Ана; Света Олимпијада, ѓакониса; Преподобната девица Евпраксија; Спомен на Петтиот Вселенски Собор;  во храмот на св.вмч.Димитрија , отец Александар Несторовски  отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата, отецот го протолкува значењето на денешното Евангели.
 
Jane.sv.Ana14
 
 Jane.sv.Ana5
 
Jane.sv.Ana11
 
 Jane.sv.Ana10
 
 Jane.sv.Ana12
 
Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Во доброто помага Бог, а во лошото демоните. Но, тоа зависи од нашата волја. Треба себеси да се принудуваме на доброто, но знаејќи ја својата мерка. Треба да ја проучиме својата душа и она што е полезно за неа. На некого му е полезно да се моли повеќе, на некого да чита или да пишува. И да се чита е полезно, но подобро е да се молиш нерасеано, а уште подобар е плачот. Како на кого му дава Господ. Конечно, станувајќи од постела, треба да Му благодариме на Бога, потоа да се каеме и да се молиме до ситост. А потоа добро е да се чита за да се одмори умот. Потоа пак молитва и работа. Благодатта доаѓа од сето она што е добро. Но, најмногу заради љубовта спрема братот.
 
 Jane.sv.Ana13
 
 Jane.sv.Ana15
 
 Jane.sv.Ana16
 
Преминпортал (к.т.)
 
 
 
 Друго:

 Божествена Литургија во храмот на св.вмч.Димитриј, Скопје (30.05.2021)