TViTer315.Slepche2

Денеска во Манастирот „Свети Јован Претеча“ во село Слепче се одржа предавање на тема „Ракописното книжевно наследство на Слепченскиот Манастир“. Циклусот на предавања продолжува секоја наредна недела во Манастирскиот комплекс, а следната тема за излагање на овие предавања ќе биде од областа на Иконата и нејзиниот пат. Денеска од страна на отец Серафим беше направен и мал вовед кон темите на сите следни предавања.

TViTer315.Slepche3

сестра Екатерина


TViTer315.Slepche4

На денешното предавање во манастирот беше накратко изложено значењето на Слепченскиот книжевен центар и неговата ракописна ризница како континуитет на Светоклиментовата литургиска и писмена традиција која овде на најавтентичен начин се негувала низ вековите, а која продолжува и до ден денес во новите духовни творби преточени во двата тома Слепченски Пролог со химнографија и Циклусот  книги  духовна поезија под наслов Манастирски Води и сл.

 TViTer315.Slepche5

TViTer315.Slepche

Тој во минатото располагал со богата ракописна збирка на оригинални словенски и византиски ракописи, и според зборовите на академик Ѓеорѓи поп Атанасов, Слепченскиот манастир бил еден од најбогатите книжевни центри не само во Македонија туку и пошироко на Балканот, кој по бројот на помениците и триптизите ги надминувал најголемите балкански манастари, каков што бил на пример Зографскиот.

TViTer315.Slepche1
слепченски манастир

Во текот на предавањето, беше истакнато дека Слепченскиот манастир бил најзначајниот книжевен Центар и активен скрипториум на Охридската Архиепископија низ вековите, каде се преведувале, препишувале и твореле ракописни книги како за потребите на манастирот, така и за потребите на целата Охридска Диецеза, кој опфаќала поголема територија на Европа. Тој бил ставропигијален манастир и како таков  бил под директна управа и покровителство на охридските архиепископи кои биле бирани од редот на најмудрите и најдуховните личности во тоа време, и биле најголеми бранители на чистотата на православието, и во тој контекст била и блиската соработка со слепченските монаси – книжевници кои поседувале исклучително високо богословско духовно образование, пратено со посебни калиграфски и писарски способности. Овде се преведувале  книги со философско-богословска содржина,  сложените полемички богословски тркатати  на светиот Григориј Палама со антилатинска содржина, богословието на св. Јован Дамаскин…  богословски теми кои своевремено биле тешки и за разбирање, а дотолку повеќе за преведување.

Од овој скрипториум произлегува познатиот Слепченски Апостол (praxapostolos slepcensis)  од 11 век, кое е најдобро зачуваниот препис на Кирилометодиевиот превод на Апостолот.

TViTer315.Slepche6

Слепченски Апостол 11 век

Радиновото Евангелие во кој е содржан Прогласот на св. Кирил Солунски кон евангелието, познатото Слепченско евангелие кое во науката се смета за најдоброукрасениот ракопис за време на турското владеење, Слепченскиот Патерик од 14 век, Слепченската Лествица која освен поуките на свети Јован Лествичник содржи и толкувања на лествицата.

TViTer315.Slepche7

Слепченска Лествица 14 век

 Слепченскиот Писмовник, кој исто така е најстар ракопис со епистоларна содржина и во кој има обрзци за пишување на писма до одредени црковни и световни лица, потоа Номоканонот на Матеја Властар,  Познатите Стиховни Пролози  и  Слепченски Зборници  кои биле иновација во црковната писменост воопшто….. Всушност, сите тие писмени споменици претставувале исповедање на верата,  Богословење, и Славословење на Бога, што всусшност и претсатвува животот на монахот.

TViTer315.Slepche8
Овде во овој манастир во 16 век речиси три децении творел најистакнатиот средновековен книжевник Висарион Слепченски, во схима наречен Варлаам и неговте собраќа и соработници во книжевното дело Пахомиј Слепченски, Матеј Слепченски, Сисој Слепченски и др……. Вековите минувале, времето течело,  но сите тие монаси се надоврзувале еден со друг, се накалемувале, на  плодната  свето-Климентова и Кирилометодиева лоза….  

TViTer315.Slepche9


Како увод во  предавањето отец Серафим најпрвин направи духовен осврт на тоа која била крајната цел на сите тие ракописи, а тоа е спасението на луѓето и нивната духовна просвета , изведувајќи ги од темнината на незнаењето кон духовната светлина на богопознанието.

 17ти јули 2022лето Господово

https://citaj.be/so-predavanjero-rakopisnoto-knizevno-nasledstvo-na-slepcenskiot-manastir-zapocna-ciklusot-predavanja-vo-manastirskiot-kompleks/