Во попладневните часови на 20.4.2022 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и поранешниот Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, присуствуваа на завршувањето на тродневното мироварение. Имено, откако мирото беше сварено во него беа излиени бројните етерични масла, по што новосвареното миро беше излеано во алавастери и пренесено во олтарот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, кадешто утре, за време на Великочетврточната Василиева Литургија, Архиепископот во сослужение на останатите архијереи на епархиите од нашата Татковина,  ќе го освети новото миро.

 

 

 

 

 

http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/zavrsi-sv%d0%b5steniot-cin-na-mirovarenie-2022/

20.04.2022 лето Господово