3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Монографијата се печати по повод јубилеите - 1000 Години Охридска архиепископија, 60 Години од обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на самостојната Македонска православна црква - Охридска архиепископија и 10 Години од возобновувањето на храмот „Рождество на Пресвета Богородица" во Скопје


3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

19042009


ПРЕДГОВОР

Интересот за научна обработка на темата: Храм „Рождество на Пресвета Богородица", произлезе од потребата да се даде придонес кон научно осветлување на еден многу значаен храм од историјата на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Трудот е поделен на два дела. Целта на првиот дел од трудот е да се обработи проблематиката на изградбата на прекрасната црква „Света Богородица", која со својата изградба целосно го сплотила населението од градот. Подоцна, благодарејќи на нејзиниот култ кај народот, таа ќе си го добие и своето место на заштитничка на градот Скопје.
Благодарејќи на посебната геостратешка поставеност на градот, тој станал важна крстосница, т.е. центар за поврзување на егејскиот брег со Подунавјето и Средоземјето со Европа. Сето ова придонело Скупи да биде важен економско-административен, културен и христијански центар на овој дел од Балканот. Османлиите, новите господари, го смениле името на Скопје со новото име Ускуб. Градот бргу се развивал, а стариот град-тврдина, послужил за утврдување на османлиската воена посада. Градот бил припоен во Паша-Санџакот со седиште во Софија. Дури во 1550 година бил формиран посебен Скопски санџак, а неговото седиште било во градот Скопје.
Градот прераснувал во трговска метропола со ориентални белези и карактеристики. Многуте патописци кои минувале низ градот го опишувале како исклучително убав. Изградбата на прекрасната црква во самото срце на градот, а во период кога Османлиската Империја цврсто го зазела и го владеела овој дел од Балканскиот Полуостров, беше основниот мотив за обработка и расветлување на состојбата на православното население во градот и потребата од црквување во овој храм.
Особено значаен период од егзистенцијата на градот претставува отворањето на Првата црковно-училишна општина при црквата „Света Богородица". Станува збор за типично заемно училиште, со специфична методика на наставната работа и организација карактеристична за заемните училишта, во кое наставата се одвивала исклучиво на македонски јазик. Учителската дејност ја организирал и ја раководел нашиот преродбеник, учител и учебникар Јордан Хаџи Константинов-Џинот. Тој зазема исклучителна учителска, просветна и политичка дејност во Скопското народно училиште.
За овој истакнат преродбенски учител и народен просветител и за неговата учителска дејност постојат многу интересни податоци поврзани токму со неговото дејствување во црковно-училишната општина при Соборниот храм „Света Богородица".
Вториот дел од трудот е посветен на возобновувањето на храмот „Рождество на Пресвета Богородица", на темелите од Соборниот храм „Света Богородица". Храмот е започнат со изградба во 2004 година, а целосно е изграден и возобновен во својот првобитен автентичен лик и димензии во 2008 година, со донација на бизнисменот и градоначалник на градот Скопје - Трифун Костовски.
Монографијата е посветена на 10-годишниот јубилеј од возобновувањето на храмот „Рождество на Пресвета Богородица".

На оваа мошне сложена тема досега во македонската историографија не е посветен целосен монографски труд, туку истата е обработувана парцијално во рамките на историјата на Македонската православна црква и историјата на градот Скопје и неговата околина. Поради таа причина мислиме дека нашиот интерес за научна обработка на оваа значајна црковна проблематика е оправдан.
Досега парцијално тематски прашања од оваа проблематика имаат обработено: д-р Јован Хаџи Васиљевиќ, проф. д-р Александар Трајановски, д-р Киро Дојчиноски и д-р Димитар Ќорнаков.
За изработка на трудот беа извршени научни истражувања на архивската документација во: Државниот архив на Република Македонија, Архивата на градот Скопје, Архивата на Скопската православна епархија и Архивата на храмот „Рождество на Пресвета Богородица".
Методолошката и хронолошко-проблематска концепција за изработка на магистерскиот труд „Соборниот храм Света Богородица (1835-1918)", беше направен под менторство на проф. д-р Катерина Тодороска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" во Скопје, која со своите корисни и добронамерни сугестии и совети несебично помогна за што сме и многу благодарни.

Авторот

19042009

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
19042009
 
БИОГРАФИЈА


19042009
 
Протоереј-ставрофор м-р Трајче Петковски е роден на 29 мај 1967 година во Богомила, Велешко. Основно образование завршил во Скопје. Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски" во Драчево ја завршил во 1985 година.
Во 1991 година, дипломирал на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски" - Скопје.
На 24 февруари 1992 година, е ракоположен во ѓаконски чин, а на 24 мај истата година, е ракоположен во свештенички чин.
Од 30 јуни 1992 година е поставен за свештенослужител во храмот „Света Петка" - Црниче, а од 15 јуни 2002 е назначен за старешина на храмот.
На 8 јануари 2003 година, е произведен во протојерејски чин.
На 20 септември 2008 година е поставен за старешина на новоосветениот храм „Рождество на Пресвета Богородица", во Скопје.
Магистрирал на Институтот за национална историја при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" во Скопје, на групата Историја на Македонското национално ослободително движење на тема: Соборниот храм „Пресвета Богородица (1835-1918)".
Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква на својата редовна седница одржана на 13 декември 2016 година, на предлог од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан го одликува со највисокиот свештенички чин протојереј-ставрофор.

 19042009

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel