Sample Image

„Без мене не можете да направите ништо“ вели Словото Божјо, па затоа секоја година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево на почетокот на новата учебна година на Божествена Литургија на која присуствуваат сите ученици на Богословијата, се извршува чинот призив на Светиот Дух.

Овој чин се извршува за просветување и очистување на срцата и умовите на богословите за да можат преку подвижнички живот и со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да дојдат до Богопознание.

На Божествената Литургија во параклисот во Богословијата во Драчево чиноначалствуваше Митрополитот Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Богословијата, во сослужение Митрополитот Брегалнички г. Иларион и дел од свештениците-професори во Богословијата.

 

 

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/