3.angeli.so.truba

Трожествува обителта на целебникот Пантелејмон,  во чест на Саровскиот подвижник


3.angeli.so.truba

Во храмот Негов секој ја возвестува славата Негова (Псалм 28, 8).

3.angeli.so.truba
Како златна хризантема никнуваат на почвата на православна Македонија, храмови посветени на преподобниот Серафим Саровски големиот руски подвижник.

3.angeli.so.truba
На 15.01.2021 година, во Кочани,  обителта на св. в-мч Пантелејмон , украсена со облека од скрушени молитви, го празнуваше споменот на многупочитуваниот саровски старец преподобниот Св. Серафим.
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение со свештенството од Богодаруваната му епархија, отлужи Света Архиерејска Литургија, на која верните вкусија од Чашата на Спасението.
А, потоа боговдахновено богословеше за животот на Саровскиот пустиник (Голема и преголема е славата на светиот Саровоски Старец поради „чудесата што од него стануваат“. И „затоа Саровската обител со него се фали“. Но не само над својата „возљубена пустинка“ во Саров и Дивеево тој го спрострел својот татковски благослов како бујно разгранета лоза по целата земја... Ете, тој триблажен „избраник на Божјата Мајка“ стана пофалба и на нашата света обител!)
Свети преподобен отче наш Серафиме, Саровски чудотворче, кој со твоите пресветли добродетели и неописливи подвизи заради Бога си ја озарил целата руска земја, станувајќи светлозарен светилник на целото Православие, моли се за татковината наша славјанска и Македонска, за целиот православен род и да се спасат душите наши.

3.angeli.so.truba

Мерата на љубовта кон непријателите мора да ја достигнат сите христијани што сакаат да се спасат.
Старец Арсениј Бока

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 

 За Преминпортал: Дејан Блажески