Божик во Полошки манастир

3.angeli.so.truba      Еве, ви соопштувам голема радост,
     која ќе биде за сите луѓе;
      зашто денеска, во градот Давидов,
    ни се роди Спасител, Кој е Христос Господ…




 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Божик- Полошки манастир, Тиквешкоо езеро

3.angeli.so.truba

 
Денес не само што си спомнуваме за едно раѓање од пред две илјади години, туку и самите учествуваме во пресветлиот и прерадосен настан на рождеството на Синот Божји, Господ Исус Христос. Денес и ние во Полошкиот манастир со ангелите го објавуваме доаѓањето на Спасителот, ја следиме ѕвездата од Исток по патот кон витлеемската пештера, заедно со пастирите Го пречекуваме Новородениот Богомладенец, та со мудреците да Му принесеме дарови на ветениот Месија – Кој е Христос Господ.

3.angeli.so.truba
 
Денес се роди Синот на живиот Бог, Оној Kој во почетокот беше во Бога, Кој е одблесок на Божјата слава,

во Кого телесно пребива сета полнота на Божеството,

и преку Кого Отецот ги создаде и вековите.

Денес се потврди вистината дека Бог не ни е далечен, туку е со нас!

3.angeli.so.truba
 
 На Божик света Божествена Литургија, во Полошкиот манастир на Тиквешкото езеро, посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец.

Литургијата ја отслужи свештеник Александар Попов.


 3.angeli.so.truba

 
Поука:


 Зборувате дека во светот и во семејство е исклучително тешко да се оттргнеш од земното. И навистина е тешко. Но евангелските заповеди им се дадени на сите луѓе што живеат во светот, зашто тогаш немало ни монаси ни манастири. Сите христијани треба да го помнат словото Господово: „ Во светот ќе имате маки“. Истото е речено и во Делата апостолски: „Во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки “. Не е одредено со какви маки, туку општо – „многу“, зашто секој човек има свои маки, со оглед на неговата надворешна положба и внатрешно настроение и немоќ. Согласно тоа, еден мора да вкуси една вид жалост, а друг – друг вид. Но за сѐ Господ воспоставил едно општо правило: „Со трпение спасувајте си ги душите“, како и: „Кој претрпи докрај, ќе се спаси“.


 Свети Амвросиј Оптински

 

 3.angeli.so.truba

 

 За Преминпортал : Б.Д.

 Јануари 2021 лето Господово