Света Архиерејска Литургија во соборниот храм во Скопје (04.10.2020 16:58)

На 4 октомври 2020 година, на празникот Собор на сите македонски светители, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи  Златоустова Литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во Скопје. Пред Литургијата беше осветен новиот фрескоживопис. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

Извор: Скопска епархија

http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7333