За Преминпортал: Ратислав Кардалев

 3.angeli.so.truba

 Берово, 19ти август 2020 г.- манастир Успение на Пресвета Богородица

 3.angeli.so.truba

ПРЕОБРАЖЕНИЕ ВО МАНАСТИРОТ СВ. БОГОРОДИЦА ВО БЕРОВО


Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово на 19. август 2020. г. кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија се спомнува на Преображението на Нашиот Господ и Спасител Исус Христос на гората Тавор; отец Фотиј одслужи Света Божествена Литургија. Верниците се причестија со Светите Христови Тајни.

3.angeli.so.truba

„Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава. Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и овде се преобрази пред нив. И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката му побеле како снег. И се појавија покрај Него Мојсеј и Илија, големите старозаветни Пророци. И видоа учениците и се восхитија.“

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 17:1-9

1.     А по шест дни ги зеде ги зеде Исус со Себе Петра, Јакова и брата му Јована, и ги изведе во висока гора сами;
2.     и се пребрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина.
3.     И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него.
4.     Тогаш Петар Му одговори на Исуса и рече: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме тука три сеници: една за Тебе, една за Мојсеја и една за Илија.”
5.     Додека уште говореше тој, ете, ги засени светол облак; и се чу глас од облакот, кој велеше: „Овој е Мојот Возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!”
6.     И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија.
7.     Но Исус, штом се приближи, се допре до нив и им рече: „Станете и не бојте се!”
8.     А тие, кога ги подигнаа очите, не видоа некој друг освен Исуса.
9.     А кога слегуваа од планината, Исус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!”

3.angeli.so.truba

Ова е е подтик и за нас денес да се стремиме кон благодатно надминување на нашата исконска одпаднатост и доблесно враќање во состојбата на слава, чест и убавина според образот и подобието врз кое како човечки род сме создадени.

3.angeli.so.truba


(ПОВЕЌЕ ВО ВИДЕО СНИМКАТА)

[youtube height="450" width="750" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=SL7ZbaqDPMU[/youtube]

 

 Преминпортал, 2020  лето Господово