3.angeli.so.truba

Света Боженствена Литургија за благословен почеток на постот
 
Кичево, 14 август  2020 лето Господово- Свештена Пречистанска Обител „Благовештение на Пресвета Богородица“

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba
Вo eдeн oпис за мачeњeтo на христијанитe пoд пeрсискиoт цар Сапoр сe вeли:

Мeчoвитe oтапeа, мачeницитe пoпаѓаа, мачeкoсeчачитe сe измoрија -

а Крстoт сè пoвeќe сe вoздигнувашe и свeтeшe

oд крвта на Христoвитe мачeници”.


Благословот на Пречистата Мајка Божја од Нејзиното сечесно Успение веќе започна да ги распростира своите благодатни зраци. Денес Царицата Небесна го благослови почетокот на светиот пост, востановен во чест на Нејзиното преселување во бесмртното Царство Христово. И неслучајно овој чесен пост започнува со осветување на медот, за да би узнале дека постот е сладост духовна, што ни доаѓа од тајната на Крстот Христов, тајна што ќе го следи двoнеделниот посен подвиг. Затоа денес се изнесува и Чесно Дрво на кое Господ доброволно ги рашири Своите раце, во татковска прегратка за целото човештво.
Зашто овој свет пост е една телесна и духовна подготовка за Успението на Пресвета Богородица, за таа Богородична Пасха. Тоа е празник на Нејзиното последно заспивање и на Нејзиното воскресение од мртвите. Црквата уште на самиот почеток на постот нè подготвува за тоа велико таинство со Изнесувањето на чесното дрво на Животворниот Крст. Оти Успението Богородично е откривање на победата на Крстот Христов, неделива од Неговото Воскресение. А каде што е Крстот Христов и Неговото Воскресение, таму е убавината на сите добродетели, таму е процутот на душите и телата човечки. Радост на душата, но не радост од овој свет, туку каква што Бог дава; и чистота на телото, сопричесно на Телото Христово и на Божјата Мајка, знаејќи дека тоа е храм на Светиот Дух.

 3.angeli.so.truba


Навистина, според зборовите на нашиот најмил Старец и Владика- епископот Партениј „влеговме во денови кога, иако сме многу грешни, ни се дава благодатна можност да стоиме сосема блиску до Божјата Мајка, да најдеме спокој за нашите души под Нејзиниот мајчински покров, и да се удостоиме преку смирена молитва, воздржание во чистота и дела на милосрдие, да станеме сопричесници на Царството во кое влегла Таа на денот на Своето блажено Успение“. Амин!

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba




Според записите на сестрите од манастирот