Скопје, 10ти јуни 2019 г.- Соборен храм Свети Климент Охридски

 

 

Недела на Светите Отци
(Недела 7 по Воскресение)
светиот апостол Јован 17:1-3

 

На 10ти јуни.2019 година, во седмата  недела по Воскресението (недела на св.Отци), кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски светиот архиепископ Варлаам Охридски, во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, старешината на храмот о.Златко Малинов отслужи  Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе беседа од житието на денешните светители.

 

 

 

Свети Јован Златоуст

Не барајте ништо друго од Господ на славата освен да биде милостив спрема вас. Барајќи ја таа милост барајте ја со смирено срце, со умиление, и од утро до вечер повикувајте, а ако е возможно правете го тоа и во текот на целата ноќ: ’Господи Исусе Христе. помилуј ме!’, и присилувајте го вашиот ум да го прави ова сè до часот на вашата смрт.

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)