aco.radisani22.jpg

aco.radisani23.jpg

Денес кога Светата Црква го празнува споменот на учителот и зачетникот на македонското монаштво, охридскиот преподобен отец Свети Наум, Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г.Стефан отслужи Света и Божествена Литургија во истоимениот манастир на преподобниот во населбата Радишани.


 aco.radisani18.jpg

По Светата Литургија, нашиот Блажењејши Архиепископ запали свеќа и се поклони на гробовите на нашите Блаженоупокоени и секогаш спомнувани Архиепископи Гаврил и Михаил. Со должна почит и благоговение Негово Блаженство г.г. Стефан оддаде почит на своите блажени претходници, се помоли на местото каде пребиваат нивните земни останки, зашто нивните души се со Архипастирот ХРИСТОС  од каде принесуваат молитви за спасение на нашиот православен народ.

 aco.radisani19.jpg

aco.radisani20.jpg

Сеќавајки се и ние на нашите блажени Архиепископи да се придружиме на молитвата на нашиот свет Архиепископ за здравје и спасение на нашиот македонски род и воедно да се помолиме за сите кои починале во благочестивата вера. Преподобниот наш отец Наум Охридски да ни даде сила за секое добро дело и со неговите молитви да го укрепува во духот Предстојателот на Светиклиментовиот Архиепископски Престол Негово Блаженство г.г. Стефан, запазувајки го на многу години правилно да раководи со словото на Христовата Вистина. На многаја лета Блаженејши Владико! Свети преподобни отче наш Науме моли го Бога за нас!”

 aco.radisani21.jpg

 aco.radisani17.jpg


  aco.radisani15.jpg


“Блаженоупокоениот Архиепископ Гаврил, Македонија секогаш ќе го памети за неговата лична заслуга како прв преведувач на македонски литературен јазик на Светото Писмо - Стариот и Новиот Завет. Иако во поодминати години смирениот старец на Македонската Црква и  остави епохално дело со преведувањето на Библијата на современ македонски јазик, со тоа правејќи ја достапна на сите Евангелската Вистина за нашата благочестива православна вера.Вечнаја памјат.

Архиепископот Михаил сите ке го паметиме по неговата, пред се силно изразена љубов кон сопствениот народ, неговиот присен пристап во комуникацијата со верните чеда на нашата Света Црква. Ќе остане засекогаш во нашето сеќавање неговата способност за беседење, за што и самиот се јавува како професор по омилитика на Богословскиот Факултет во Скопје. Негова е  заслугата за многу страници духовна литература, а и значајниот превод на Добротољубието е дело на  овој свет и духовен отец на нашиот народ и Киријарх на Светата Македонска Православна Црква. Заедно со Архиепископот Гаврил се јавуваат како основачи на нашите богословски институции Богословијата и Факултетот. Вечнаја памјат.”

 Подготви: А.М.


Друго:

Посети:{moshits}