Скопје,19ти маj 2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 

  На 19ти маj 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Светиот праведен и многустрадален Јов
  • Светиот маченик Варвар

 

 

На 19ти маj 2019 година, во четвртата недела по Воскресението (недела на Раслабениот), кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија  молитвено  го празнува споменот на Светиот праведен и многустрадален Јов,Светиот маченик Варвар ,во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковскиво сослужение на свештеникот Ангел Сердарски и на ѓаконот Михаил Манојлов отслужи Божествена Литургија. Бројниот верент народ се причести со Светите Христови Тајни. Отецот во текот на Литургијата го протолкува значењето на Евангелието на денот..

 

 

 

 Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец


Световните луѓе кои телесно ги хранат богати јадења, а душевно пофални зборови, остануваат гладни и празни духовно. И престолот и власта кон кои се стремат ќе останат во овој суетен свет и тие ќе бидат само со своите соништа кои уште повеќе ќе ги измачуваат во другиот живот, бидејќи станаа причина за нивното лишување од небесните блага. Додека, пак, оние што се бореа духовно и ја претпочитаа сиромашната трпеза и обичното столче (наместо престолот) и се седнаа себеси на столчето - (се осудија себеси) - се ослободија од судењето на Праведниот Суд во Судниот ден и го наследија рајот како благочестиви деца Божји.

 

 

 

Преминпортал (к.т.)

 

 

Друго: