Скопје, 3ти мај 2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица

 

 

 

На 3ти март 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на : Петокот од Светлата седмица - Источен Петок (Балаклија), како и споменот на Преподобен Теодор Трихина,Преподобен Анастасиј Синајски,Блажениот Анастасиј Синаит
патријарх Антиохиски.
 

 

 

На 3ти мај 2019 година, во оваа Светла Седмица,на празникот на Источен Петок- Балаклија, старешината на храмот отец  Трајче Петковски во сослужение на ереј Игор Димитриевски и  ѓаконотите  Методиј Митановски и Михаил Манојлов, отслужи  Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на  Литургија отецот  произнесе празнична беседа за празникот на Пресвета Богородица.По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица.

 

 

 

 

Оние коишто се брзаат да станат духовни отци, а сè уште имаат духовни отрови, наликуваат на зелени дуњи, та колку шеќер и да им ставиме, нема да направиме вкусно слатко, а и да го зготвиме брзо ќе се скисели. Пофалните зборови и големите вистини имаат вредност само кога се изречени од вистинска уста, а ги восприемаат само добронамерните души и големите луѓе што имаат чист ум.-- Старец Паисиј Светогорец

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

 

 Друго: