cd.adam1.jpg 
CD- презентација „Од Адам до Христос“

Списанието „Премин“ во последниот број подарува CD - презентација „Од Адам до Христос“ во која станува збор за создавањето на човекот, неговиот пад и можноста за неговото повторно враќање кон Бог. Покрај извадоци од Светото Писмо користени се цитати од делата на свети Григориј Палама, свети Силуан Атонски, Владимир Лоски, јеромонах Серафим Роуз и Митрополитот Струмички Наум. Како илустрации се користени православни икони и фрески. 
cd.adam2.jpg 
cd.adam3.jpg 
cd.adam4.jpg
„Сите неопходни услови за човекот да го достигне единството со Бог во полнота, дадени ни се во Црквата.
Затоа светите Отци Црквата често ја изедначуваат со земниот рај, во кој првите луѓе требаше да го достигнат совршенството. Иако истите велат дека Црквата е нешто поголемо и од земниот рај. Христијаните се во подобра положба и од првите луѓе. Веќе не постои ризик неповратно да го загубат единството со Бог, бидејќи се членови на единственото Тело, во кое тече Крвта Христова, Која нè очистува од секаков грев, од секакава нечистотија. Синот Божји прими тело за ние да можеме да Го примиме Светиот Дух. Ова присуство на Светиот Дух, Кого ние Го примаме на Светото Крштение, во нас не може да се загуби. Иако, ако сакаме благодатта да биде активна, да донесе плод, треба непрестајно да се стремиме кон единството со Бог.“ 
cd.adam5.jpg
cd.adam6.jpg
cd.adam7.jpg

 

cd.adam8.jpg 
cd.adam.jpg
cd.adam9.jpg 
 Посети:{moshits}