Скопје, 27-ми февруари 2019 г.- храм на св.пророк Илија

 

На 27-тифевруари 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

 † Упокоение на св. Кирил Солунски;

(Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни  )  

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

Преподобен Авксентиј

Преподобен Исакиј, затворник Печерски

 

На 27-ми февруари  2019 година, на празникот на † Упокоение на св. Кирил Солунски; преп. Авксентиј Витински, во храмот на св.пророк Илија ,во скопската населба Аеродром старешината на храмот протаереј Зоран Стаменковиќ во сослужение на ѓаконот Александар Брајановски отслужи   Божествена  Литургија.Верен народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Литургијарта отецот произнесе празнична беседа.

 

 

 Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).- Старец Ефрем Катунакиски

  

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)