Духовден во Штип (15.06.2008)


На 15. 06. 2008 година, на празнкот Педесетница – роденденот на Светата Црква (Духовден), Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во соборниот храм на свети Николај во Штип. По Литургијата беше отслужена Вечерна богослужба, по што Митрополитот Брегалнички г. Иларион произнесе пригодно празнично слово.


       
По Светата Архиерејска Литургија, истиот ден, во 13 часот, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со свештениците од Штип, а во присуство на многуброен народ, освети и постави камен-теменик за изградба на нова црква посветена на свети великомаченик Димитриј во с. Таринци – Штип, по што го повика православниот народ македонски да ја помогне изградбата на оваа светилиште и што побргу да се освети и самиот народ постане вистинска жива Црква Христова.
 

Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (15.06.2008)


Денес, на денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, во параклисот на светите Григориј Палама и Старец Јосиф Спилеот во манастирот на Покров на Пресвета Богородица во Водоча Божествена Литургија отслужи Струмичкиот Митрополит г. Наум.

 

„Педесетницата, која на човечките личности им го пренесува присуството на Светиот Дух како залог на осветувањето, ја означува крајната цел, како и почетокот на духовниот живот.“ (В. Лоски, „Мистична теологија на Црквата од Исток“)


Американско-канадска епархија
  Света Педесетница: Света Архиерејска Боженствена Литургија во црквата св. Илија - Mississauga

Active ImageНа 15 јуни, недела денот кога Православната Црква ја празнува Педесетница - слегување на Светиот Дух на Апостолите - Духовден, во МПЦ "Св. Илија" во Мисисага, беше отслужена Света Архиерејска Боженствена Литургија. Со Богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Американско - Канадски г. Методиј во сослужение на парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Илија Донев, протоереј-ставрофор Јован Босеовски и ѓакон Стеван Барјактаров.

По Архиерејската Литургуја коленоприклоно беа прочитани Василиевите молитви.

Неговото Високопреосвештенство одржа пригодно слово и на насобраните верници им го објасни значењето на денешниот празник.