zadusnica1.jpg

Денес, кога Светата Православна Црква определила  молитви за  поменувањето на упокоените( Задушница),  во храмот посветен на св. Петка во Скопје, се отслужи света Литургија принесувајќи молитви пред се за сите  порано- упокоените чеда Христови, за наштие блиски, роднини и пријатели. Во произнесената беседа, свештеникот ја напомна особената важност на спомнувањето на оние православни христијани за кои нема кој да се помоли.

 zadusnica.jpg

 zadusnica2.jpg

zadusnica3.jpg

zadusnica9.jpg

 zadusnica4.jpg zadusnica5.jpg

zadusnica6.jpg

zadusnica7.jpg

zadusnica8.jpg

 

Светиот маченик Јустин Философ     14/06/2008

Роден од елински родители во самарјанскиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година после Христа. Усрдно ја барал мудроста кај философите, најпрво кај стоиците, потоа кај перипатетичарите, па кај питагорејците и најпосла кај платоничарите. Иако ни Платоновата философија не го задоволувала, сепак најдолго се задржал на неа, бидејќи не наоѓал нешто коешто повеќе би го привлекувало. Но по Божја Промисла му се јави еден чесен старец, кој ја поколеба во него сета Платонова философија и му напомена дека луѓето не можат да ја знаат вистината за Бога додека Бог не им го открие тоа, а Бог ја откри вистината за Себе во книгите на Светото Писмо. Јустин почна да го чита Светото Писмо и сиот стана убеден христијанин. Сепак не сакаше да се крсти ниту да се нарекува христијанин сѐ додека лично не се увери во лажноста на сите обвиненија коишто незнабошците ги истакнуваа против христијаните. Со оглед дека во Рим дојде во философска долама, тој набрзо стекна таму голем углед и многубројни приврзаници. Присуствуваше на маченичкото кончание на Светите маченици Птоломеј и Лукиј. Кога го виде мачењето на невините христијани, напиша апологија на христијаните и на христијанското учење и му ја предаде на царот Антонин и на сенатот. Царот со внимание ја прочита апологијата и нареди да престане гонењето на христијаните. Јустин зеде препис од царската наредба и со неа отиде во Азија, каде што со помош на наредбата спаси многумина гонети хтристијани. Потоа се врати повторно во Рим. Кога настана гонењето од царот Марко Аврелиј, тој напиша друга апологија и му ја упати на царот. Некој нечесен философ Крискент, циник, го обвини како христијанин, од завист затоа што Јустин го надвладуваше во сите препирки и така Јустин падна во затвор. Посакувајќи му смрт, а плашејќи се сепак да не се оправда на судот, Крискент најде прилика и некако го отру Јустин во затворот. Така го заврши својот земен живот овој голем заштитник на христијанската вера и се пресели во блажената вечност во 166 година.



Преподобен Агапит Печерски     14/06/2008

Исцелител бесребреник. Ученик на Св. Антониј Печерски. Ги лечеше луѓето со молитва и давајќи им од зелјето од кое самиот си правеше леб за себе. Така го излечи и кнезот Владимир Мономах, заради што се прочу насекаде. Му позавиде на тоа лекарот на овој кнез, некој Ерменин, и почна да го клевети. Кога Агапит се разболе, дојде кај него Ерменинот и му рече дека ќе умре за три дена, но ако не умре, дека и тој самиот, Ерменинот, ќе се замонаши. А Агапит му рече на Ерменинот дека нема да умре за три дена, туку за три месеци. Така и се случи. По смртта на Агапит, дојде Ерменинот кај печерскиот игумен и го замоли да го замонаши, зашто како што рече, му се јавил од оној свет Свети Агапит и го потсетил на ветувањето. И така некогашниот завидливец по Божја Промисла стана кроток монах, кој им посакува спасение на сите луѓе. Се упокои Свети Агапит во 1095 година