Скопје, 22-ри мај 2018 г.- Соборен храм

 

На 22 -ри мај 2018 година, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, во Скопје, по Вечерната богослужба,старешината на храмот,о.Сашко Николовски, во сослужение на отец Горан Тасески, отслужи  Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј беше отворен за поклонување од страна на верните.

Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!

 Радост небесна се објави. Восхитени од чудесната промисла Божја,
Јоаникие, ти пееме вака:
Радувај се, телесен ангелу!
Радувај се, на Рајот жителу!
Радувај се, на сопственото срце пустиножителу!
Радувај се, на трпението апостолу!
Радувај се, светило што во духовен мрак свети!
Радувај се, ветру што за љубовта во Бога пееш!
Радувај се, духовни нечистотии миеш!
Радувај се, телесни похоти скротуваш!


Радувај се, претечо на духовната обнова!
Радувај се, предвеснику на нашето исцеление!
Радувај се, преподобен отче Јоаникие, ракотински чудотворче!

 

 

 

 

 

 

 

 Акатист
на преподобниот отец наш
Јоаникиј Ракотински (.PDF)

Издава:Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА

 

 Друго:

Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и македонски г.г Стефан, во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје, секој вторник по Вечерната богослужба, која започнува во 17:00 ч., ќе се чита Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј ќе биде отворен за поклонување од страна на верните.

Свети Јоаникие, моли Го Бога за нас!

Со љубов во Христа,
Скопска православна епархија

 

 Преминпортал (к.т.)