Утрово со Василиева Литургија беше прославено Раѓањето Господово во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје. На Литургија чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија. Покрај верен народ, во храмот присуствуваа Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорге Иванов и Градоначалникот на град Скопје г. Петре Шилегов.
ХРИСТОС СЕ РОДИ! СЛАВЕТЕ ГО!
Извор: Скопска епархија