Деновиве, по повод празникот на Раѓањето Христово, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, во издание на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, с. Василево, Струмичка епархија, излезе од печат сликовницата „Божикна песнарка“, во која се вклучени црковни и традиционални божикни песни за децата да го најават Раѓањето на Богомладенецот во домовите на верните.

   

„Раѓањето Твое, Христе Боже наш,

го озари светот со светлината на познанието;

во неа пак, оние што на ѕвездите им служеа

од ѕвездата се учеа

Тебе да Ти се поклонуваат, Сонце на правдата,

и Тебе да Те познаат, Исток од висините,

Господи, слава Ти.“

(тропар на Рождество Христово)

 

 

 Извор: МПЦ-ОА

19-ти декември 2017 лето Господово