Премиерот Груевски го посети манастирот „Света Богородица“ во Сливница



Ресен, 29 јули (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски попладнево го посети на манастирот „Света Богородица“ во Сливница и присуствуваше на манифестацијата по повод 400-годишнината од осветувањето на манастирот.

На манифестацијата присуствуваа и градоначалниците на Ресен и на Битола, Димитар Бузлевски и Владимир Талески.


 
По повод 400-годишнина од осветувањето во дворот на манастирот денеска се одржа kултурно-забавна програма на која настапија неколку културно уметнички друштва од Преспа и од Унгарија, како и промоција на „Монографијата на Сливничкиот манастир“ од д-р Димитар Ќорнаков. ља/рп/17:39



400 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА МАНАСТИРОТ СВЕТА БОГОРОДИЦА